автомобил

ВИДЕО: Концептен пикап Dongfeng – Само за „најекстравагантните“

ВИДЕО: Концептен пикап Dongfeng – Само за „најекстравагантните“

Овој пикап „Донгфенг“ се „роди“ во салонот во Пекинг претставувајќи се како концепт, но се уште не е познато кога ќе пристигне серискиот модел. Така, Tesla Cybertruck треба да добие конкурент од Кина. https://www.youtube.com/watch?v=Uc-g-YX0Uf0 Се вели дека возилото е базирано на платформата Dongfeng Skateboard EV, за која се тврди дека нуди 1305 КС. Ова го прави возилото помоќно од верзијата Cyberbeast на Cybertruck на Tesla.Во секој случај, очигледно дизајнерите на Донгфенг биле инспирирани од Cybertruck. Меѓу другото, Dongfeng Concept Pickup Truck доби волан во форма на квадрат, задна врата, странични скали што се повлекуваат, аеродинамични капаци на тркалата... https://www.youtube.com/watch?v=K11GhfA8qyw
Read More
Голф ја изгуби титулата на најчесто произведуван автомобил во Германија

Голф ја изгуби титулата на најчесто произведуван автомобил во Германија

Низ историјата во автомобилската индустрија, Голф доста време се имаше задржано на позицијата за најпродаван автомобил во Германија. Титулата оди во други раце, а тоа се случи во педесет годишниот јубилеј на Голф. Сепак, на пиедесталното место сеуште останува модел кој е дел од ова семејство. Станува збор за Фолсфаген кој сеуште е престижен модел на автомобил и е најчесто произведуван, а секако и најбаран во Германија. Новиот лидер во производството е Тигуан, кој сега го носи титулата. СУВ моделот Тигуан, кој неодамна беше лансиран во својата најнова и последна генерација со мотори со внатрешно согорување, успеа да го надмине…
Read More
Освежен е дизајнот на Nissan, но сеуште нешто останува исто како порано!

Освежен е дизајнот на Nissan, но сеуште нешто останува исто како порано!

Nissan е еден од најпопуларните кросовер во светот. За да се одржи темпото на продажбата марката воведе новитети. Интересно е што инспирацијата за освежениот модел, доаѓа од една многу интересна приказна. Имено, мрежестата маска е зголемена и всушност е инспирирана од оклопот на што го носеле древните јапонски војници. Над гломазниот модел, за поголема естетска функција, а веројатно и за разбивање монотонија, се додадени елегантни и тенки фарови кои мора де признае, дека го разубавија дизајнот.   Вклучен е нов браник кој го зголемува впечатокот на дизајнот со што тој изгледа поспортски. Сет LED светла се истакнуваат на задниот дел…
Read More
Искршени ветробрански стакла, вдлабнати хауби… – Каде во овој случај?

Искршени ветробрански стакла, вдлабнати хауби… – Каде во овој случај?

Социјалните и економските промени влијаат на различни аспекти од нашето општество, вклучувајќи ги и деструктивните постапки кои понекогаш се случуваат. Важно е да бидеме свесни дека непредвидливоста е дел од животот, и дека сè може да се случи во било кој момент. Во тесктот подолу го разгледуваме ризикот и непредвидливата непогода што може да му нашетети на возилото. Своевремено штетата се случува и од временските неприлики, па во контекст на тоа, АИФ  разговараше со неколку опсигурителни агенти кои ни објаснија повеќе околу каско осигурувањето. -Во денешното време, возилото не е само средство за превоз, туку и значаен дел од секојдневието.…
Read More
Пристигна уште помоќен и поскап „Audi S3“ (ФОТО/ВИДЕО)

Пристигна уште помоќен и поскап „Audi S3“ (ФОТО/ВИДЕО)

Долго време по рестилизираниот „А3“, „Audi“ го претстави надградениот „S3“. Германскиот производител тврди дека ги подобрил спортските перформанси на овој автомобил. „S3“ сѐ уште се нуди во две верзии на каросеријата, кои се разликуваат од обичните верзии „А3“ само по деталите како што се новите адаптивни LED светла и малку изменетата решетка на ладилникот. Во кабината, промените вклучуваат нови отвори за воздух, нова рачка на менувачот и воведување ново амбиентално осветлување. Додатоци како што се црн тапацир на покривот, педали од не’рѓосувачки челик и детали од јаглеродни влакна исто така се задолжителни во новиот „S3“. Најважниот весник е под хаубата.…
Read More