Искршени ветробрански стакла, вдлабнати хауби… – Каде во овој случај?

каско осигурувањето

Социјалните и економските промени влијаат на различни аспекти од нашето општество, вклучувајќи ги и деструктивните постапки кои понекогаш се случуваат. Важно е да бидеме свесни дека непредвидливоста е дел од животот, и дека сè може да се случи во било кој момент. Во тесктот подолу го разгледуваме ризикот и непредвидливата непогода што може да му нашетети на возилото.

Своевремено штетата се случува и од временските неприлики, па во контекст на тоа, АИФ  разговараше со неколку опсигурителни агенти кои ни објаснија повеќе околу каско осигурувањето.

Во денешното време, возилото не е само средство за превоз, туку и значаен дел од секојдневието. – истакнуваат осигурителните компании и брокерските акционерски друштва –  Каско осигурувањето ви овозможува да сте сигурни дека вашето возило е заштитено во случај на кражба, вандализам или други форми на намерно оштетување.

Надоврзувајќи се на ризиците, би ги напоменале и временските неприлики.

Гледано наназад, во 2023 се случија повеќе невремиња, па градот кој паѓаше со големина на орев и лешник, ја зафати земјата во летниот период минатата година. Граѓаните споделуваа видеа на социјалните мрежи и од штетите што ги предизвика невремето.

По силните невремиња често сме сведоци на тоа дека огромни гранки, па дури и цели дрвја оштетуваат автомобили паркирани на градските паркинзи. – се жалат граѓаните и го пренесуваат искуството и бенефитот од каско осигурувањето.

Искршени ветробрански стакла, вдлабнати хауби, како и покриви на автомобилите, оштетена боја и пукнатини се само дел што може да се забележи од фотографиите кои тогаш ги предизвика невремето.

Во овој контекст, како интернет портал кој секако стреми и кон подигнување на свеста околу навремената заштита на граѓаните, алудираме кон пристапување на ваквиот чекор. Осигурувањето се интегрира како фундаментален дел од општото живеење и значи зрел пристап. Во таа смисла, каско осигурување ве штити од овие непредвидливи ситуации и го штити возилото од многу видови на ризици.