Search Results for: германија

Поради падот на побарувачката, Porsche го намалува производството на електричниот Taycan

Актуелен е општиот пад на побарувачката на електрични возила. Поради таа причина, според одредени медиуми во Германија Porsche го намалува производството на целосно електричниот Taycan. И заедно со многу други електрични возила, моментално опаѓа и побарувачката за Taycan. Предвидено било Taycan да продаде повеќе од 40.000 единици во 2023 година. Но, новите извештаи од Германија велат дека очекувањата не се исполнети. „Фабриката во Куфенхаузен, каде што се произведува Taycan, наскоро ќе се префрли на една смена како одговор на помалата побарувачка од очекуваното. Порше преговара со локалниот работнички совет, а промената не се очекува да резултира со губење на работни места. Портпаролот на брендот не го коментираше извештајот.“ - известува Stuttgarter Nachrichten, пренесува autoblog.rs. Во Германија во првите шест месеци од 2024 година, пресметан е пад од 16,4%. А поради…
Read More

Приказна за Споменикот на Мерцедес на Имотски: Асоцијација за успех и престиж

Зад овој споменик на Мерцедес, се крие голема приказна. Историја која всушност зборува за тажната слика на Имотски. Имено назад во 1960-тите и 1970-тите, Имотски „испратил“ илјадници луѓе на „печалбари“. Тие работеле макотрпно во Германија, а дали успеале во туѓина, се гледало по поседувањето на еден автомобил. Мерцедес-Бенц асоцирал на престиж или поседувањето нa овој автомобил значело дека печалбарите успеале. „Тоа беше симбол на успехот…“, рече Иван Топиќ, кој работел во градежништвото во Франкфурт 18 години, пред да се врати во Имотски во 1997 година. Денес, во овој мал град во Хрватска „мерцедес“ излегува од карпа. Скулптурата во природна големина е во чест на илјадниците емигранти кои гордо се вратиле дома од Германија зад воланот на единствен статусен симбол. Жителите на Имотски, се уште се големи обожаватели на тоа возило.…
Read More

Форд укинува уште 1.600 работни места

„Американскиот производител на автомобили Форд планира да укине до 1.600 дополнителни работни места во својата фабрика во Валенсија во Шпанија, како дел од прилагодувањата на капацитетот до почетокот на производството на нов хибриден SUV модел во 2027 година.“ - пренесува autoblog.rs Поради „ревидираните прогнози за Европа“, светски познатата компанија ги одложи производствените инвестиции во Шпанија во 2022 година. Тогаш потврдија дека до крајот на деценијата шпанската фабрика треба да почне со производство на електрични возила. Истовремено предупредија дека ова нивно производство значи намалување на бројот на работни места. Имено,поради прекинот на производството на миниван Галакси и С-Макс, во месец март 2023 година, тие објавија дека укинуваат 1.100 работни места. Истото се фокусираше на фабриката во Валенсија. Тие додадоа и дека ќе започнат со производство на нов хибриден SUV модел за…
Read More

Mazda со енормно зголемена продажба

Mazda Motor Corporation ја зголемува продажбата од 12% од година во година. Имено брендот ги објави своите финансиски и продажни резултати за целата година. Извести за глобална продажба од 1.241.000 возила за дванаесетте месеци заклучно со 31 март 2024 година. Продажните резултати на Mazda испорачаа нето-продажби од 4.827,7 милијарди ¥ (30,7 милијарди евра). Тоа зборува за зголемувањето од 26% на годишно ниво, што резултира со позитивни операции во текот на годината и профит од 250,5 милијарди ¥ (1,59 милијарди евра) и нето приход од 207,7 милијарди ¥ (1,3 милијарди евра), што е зголемување од 76% и 45%, соодветно. 514.000 единици во фискалната година (+26% од година во година) се продаваат само во Америка. Истото зборува за фактот дека токму Америка е најголемиот регион на Mazda. Сето тоа, меѓу другото е…
Read More

Volkswagen ID.3 Pro S – Низа подобрувања на електричниот модел

Модерна опрема, инфозабава и електричен погон. Германскиот производител на Volkswagen ID.3 чие лансирање за комплетното,, ажурирање" беше минатата година, веќе презентира низа подобрувања за овој електричен модел. Ексклузивно, моделот презентира дека се надгради со помоќен мотор, нови функции, а пак целата гама има најсовремена инфозабавна мрежа, пократко време на полнење. ,,I. D. 3. o S е зголемен на 170 kW231 КС, па автомобилот сега достигнува 0 до 100 km/h за 7,1 секунда, што е за 0,8 секунди побрзо од претходно." - пренесува autoblog.rs. Додавајќи 13 km на комбинираниот опсег на WLTP кој сега е 559 km, е подобрена ефикасноста на електричниот мотор. Неколку минути е намалено времето на полнење на батеријата која сега може да се полни до 175 kW DC. Ова е особено важно за ладно време. Меѓу другото,…
Read More

Пристигна уште помоќен и поскап „Audi S3“ (ФОТО/ВИДЕО)

Долго време по рестилизираниот „А3“, „Audi“ го претстави надградениот „S3“. Германскиот производител тврди дека ги подобрил спортските перформанси на овој автомобил. „S3“ сѐ уште се нуди во две верзии на каросеријата, кои се разликуваат од обичните верзии „А3“ само по деталите како што се новите адаптивни LED светла и малку изменетата решетка на ладилникот. Во кабината, промените вклучуваат нови отвори за воздух, нова рачка на менувачот и воведување ново амбиентално осветлување. Додатоци како што се црн тапацир на покривот, педали од не’рѓосувачки челик и детали од јаглеродни влакна исто така се задолжителни во новиот „S3“. Најважниот весник е под хаубата. Тоа е добро познатиот 2.0-литарски „TFSI“ кој сега произведува 333 ks и 420 Nm. Ова е значително зголемување во однос на неговиот претходник. Моќта е поголема за 23 ks, а…
Read More

ЕУ  со посебни услови за продажбата на возила со внатрешно согорување

Европската комсија има нов компромис во врска со предлогот за комплетна забрана на новите автомобили со внатрешн согорување. Компромисот го истакна, поради одбивањето на ваквиот предлог од страна на Германија. Имено, условот на ЕК за дозвола на продажба на возила со внатрешно согорување и после 2035 година е ако истите се климатски неутрални е – горива. До документот кој врши увид на предлогот на ЕК, стигнала британската агенција Reuters, а предлогот на Комисијата до германското Министерство за сообраќај, истакнува дека возилата кои ќе бидат опремени само со еколошки горива, ќе можат да бидат меѓу дозволените од 2035 година.    Очигледен е притисокот од страна на Германија врз ЕК, па после објавата на министерството дека започнаа преговорите во врска со ова прашање, Reuters го објави нацрт – предлогот кој цели кон…
Read More

Германското угостителство на работ на колабирање – Притисокот е голем и врз самите претприемачи

Германското угостителство на работ на колабирање! Германското угостителство ги затвора вратите. Кризата продолжува предвидувајќи тешки времиња во иднина. Со затворањето на рестораните и кафулињата во Германија сѐ уште се слуша звукот на трескот на мали бизниси. Откако пандемијата ја упропасти угостителската индустрија, нови студии најавуваат продолжување на оваа темна сага. Агенцијата Kreditreform објави статистика која шокира -околу 48 000 компании веќе се затворени, а 6 100 банкротирале. Се прогнозира продолжување на затворање на германското угостителство што ја става целата индустрија во неверојатно тешка позиција. Патрик-Лудвиг Ханч, водач за истражување на Kreditreform, ја опишува ситуацијата со германското угостителство како почеток на „бран“. Од првата пандемија, секоја година има сѐ поголем број на бизниси кои се принудени да затворат, што означува повеќе од само една криза. Притисокот е голем и врз самите…
Read More

Автомобилот – Нешто без кое не можеме, но кој стои зад оваа приказна?

Историја на автомобилот – Кој го измислил? Кој бил првиот човек кој го формирал концептот за автомобилот. Кога точно се зачнала оваа идеја? Ова прашање е едно од оние што бара многу размислување, без јасен одговор. Историјата на автомобилот е преполнета со разни елементи и започнува уште во 15-тиот век, кога Леонардо да Винчи започнува да ги развива своите дизајни и концепции за транспортни средства. Се смета дека Карл Бенз, еден иновативен германски инжинер, бил човекот кој го формирал првиот вистински автомобил. Неговиот изум во 1885/1886 година го сметале за првиот практичен автомобил. Автомобилот, кој бил со одлична издржливост и голема ефикасност, се возел за прв пат во историјата на 3-ти јули 1886 година во Манхајм, Германија.Целиот концепт на ова возило, бил основан на големината на неговиот мотор, што му…
Read More

9 најчести автомобили во Европа – Најголемoто и највлијателно седиште на автомобилската индустрија

Во светот на автомобилската индустрија, Европа неоспорно е едно од најголемите и највлијателни седишта. Со својата богата историја во автомобилското инженерство и иновации, континентот се наоѓа во врвот на листата на производители на квалитетни и врвно дизајнирани возила. Секој автомобил што излегува од европските фабрики е сведок на прецизноста, иновациите и стилот кои се вградени во нив. Но што ги прави европските автомобили толку посебни? За да го истражиме тоа, треба да се загледаме во најпопуларните модели што се возат на континентот. Кои автомобили ги возат Европејците? Во проодлжение погледнете кои се  Топ трите автомобили во кои тие уживаат: -Најчесто возен и купуван во: Белгија, Германија, Австија, Албанија, Луксембург, Македонија… - Volkswagen Golf -Најчесто возен и купуван во: Хрватска, Чешка, Словачка, Словенија, Швајцарија… - Skoda Octavia -Најчесто возен и купуван во:…
Read More