Search Results for: германија

Законски регулативи за користење марихуана зад воланот Германија не толерира!

Во Германија за прв пат е донесен закон за поставување граници кај шоферите кои конзумираат марихуана. Постави ограничувања и секако воведе казни доколку возачите се под дејство на канабис. Оваа одлука стапи на сила после советувањето направено помеѓу правни експерти. Експерти од осигурителот АРАГ, полицијата и докторите донесена е законска рамка за дозволеното ниво на ТХЦ за управување со автомобил. „Според ново донесениот закон нивото не смее да се надмине вредност од 3,5 нанограми на милилитар TХЦ (тетрахидроканабинол) количина што треба да одговара на концентрација на алкохол во крвта од 0,2 промили. Возачите кои ќе ја игнорираат оваа регулатива се соочуваат со казна до 3.000 евра. Ако се употребува и алкохол заедно со Марихуана, казната може да биде уште поголема.“ - пренесува avtomagazin.mk Експертите за сообраќај, како и полицијата и…
Read More

Германија не се откажува од мотори со внатрешно согорување

Здружението на германските производители на автомобили инсистира - Целосна забрана за продажба на фосилни горива во ЕУ од 2045 година... Но, сепак, позицијата на Германија е контрадикторна. Европската Унија има нова цел. Во план е целосно да ја забрани продажбата на нови автомобили со мотори со внатрешно согорување. Ова би се случило од 2035 година. Според ова, таа година би се продавале само автомобили на електричен или водороден погон. Но, сепак кон оваа одлука не се согласуваат сите земји членки. Имено, врз Европската комисија, Германија изврши притисок со што бара да се дозволи продажба на автомобили со термални SUS мотори по 2035 година, под услов да работат на синтетички горива. „Германците имаат големи надежи за обновливи горива, кои би можеле да придонесат за заштита на климата. Сега се појави нов,…
Read More

Кризно време во Германија – Невиден пад на продажбата на електрични автомобили

Во Германија е измерен огромен пад на проажбата на електрични автомобили. На германскиот пазар во јули продажбата на електричните возила падна на 12,9 отсто, од 20 отсто пред една година. Продажбата на електрични автомобили во Германија падна за 37 отсто во јули 2024 година во споредба со истиот месец минатата година. Ова е најголем пад до сега забележан, откако владата ги укина стимулациите за електрични возила декември минатата година. Според податоците објавени од германската федерална управа за моторен транспорт, во јули се регистрирани: Вкупно 238.263 нови регистрации на патнички автомобили (-2,1%). 83.405 бензински автомобили (+0,1%), 79.870 хибриди/PHEV (+18,4%), 43.107 дизели (+1,4%), 30.762 EV (-36,8%), 1.078 се продадени автомобили на ТНГ (+8,8%) и само 3 на CNG (-98,6%). Ова не се случува само во Германија, туку и во многу друи европски…
Read More

Сериозни економски последици за Германија доколку ја напушти Европската Унија

Експерти од германскиот економски институт IW во студија, оценија дека Германија би претрпела сериозна економска штета. Тоа би било траен удар за благосостојбата на луѓето во оваа земја, оценуваат економисти во анализата. Dpa. пишува дека „Алтернатива за Германија (AfD)“, крајно десничарската партија, сака да ја преиспита европската интеграција... И ЕУ да биде само економска интересна група на лабаво поврзани суверени држави. Од иснтитутот IW, чие седиште е во Келн, предвиделе и процениле дека во периодот од пет години доколку Германија излезе од Европска Унија, може да се очекува пад на БДП од 5,6 отсто или околу 690 милијарди евра. „Во петтата година од тој период би биле изгубени околу 2,5 милиони работни места. Тоа е приближно споредливо со загубите на Германија поради пандемијата и зголемувањето на цените на енергијата по…
Read More

Голф ја изгуби титулата на најчесто произведуван автомобил во Германија

Низ историјата во автомобилската индустрија, Голф доста време се имаше задржано на позицијата за најпродаван автомобил во Германија. Титулата оди во други раце, а тоа се случи во педесет годишниот јубилеј на Голф. Сепак, на пиедесталното место сеуште останува модел кој е дел од ова семејство. Станува збор за Фолсфаген кој сеуште е престижен модел на автомобил и е најчесто произведуван, а секако и најбаран во Германија. Новиот лидер во производството е Тигуан, кој сега го носи титулата. СУВ моделот Тигуан, кој неодамна беше лансиран во својата најнова и последна генерација со мотори со внатрешно согорување, успеа да го надмине Голф по бројот на произведени единици. На третото место се најде Тесла Модел Ипсилон кој е произведен во Германија, а на четвртото место се позиционира BMW Серија 3. Во продолжение…
Read More

ОЛДТАЈМЕРОТ ПОВТОРНО АТРАКЦИЈА ВО ГЕРМАНИЈА, НО ИМА ПРАВИЛА И ЗА ТОА!

Се чини дека сѐ повеќе од жителите во Германија сакаат олдтајмери. Но, сепак и овој автомобил има старосна граница, па затоа германците имаат и одредени правила кога се во прашање неговите години. Поконкретно, во изворниот текст е нагласено: „Колку автомобилот треба да биде стар за да можете да го возите?“ Биле регистрирани 846.562, на првиот ден од оваа година што е за 6,7 отсто повеќе од 12 месеци претходно, пренесува германската новинска агенција (dpa). Податоците кои зборуваат дека на германските патишта има сѐ повеќе олдтајмери се според податоците на Федералната управа за моторни возила. Повеќето од олдтајмерите, околу 750.000, се патнички автомобили. Тие беа за 6,9 отсто повеќе отколку на 1 јануари 2022 година. Кој е всушност винтиџ автомобил и дали тој е во состојба да се вози? Се поставија…
Read More

Изгледа дека Германија е веќе во рецесија!

ГЕРМАНИЈА ВЕРОЈАТНО ВЕЌЕ Е ВО РЕЦЕСИЈА СПОРЕД БУНДЕСБАНК (германски: Deutsche Bundesbank) е централната банка на СР ГЕРМАНИЈА и членка на Европскиот систем на централни банки. Според централната банка на Германија, таа е веќе во рецесија. Имено, според нив, германскиот „тековен период на слабост“ може да трае подолго од очекуваното. Deutsche Bundesbank предупреди дека можеби во рецесија е веќе западната најголемата европска економија. Истото, најповеќе се должи на штрајковите и падот на странската побарувачка, на градежната активност и други фундаментални фактори кои влијаат на оваа ситуација. Имено, во последниот квартал од 2023 година, забележан е пад на економијата во оваа земја од 0,3 отсто. Токму од оваа проценка, излегува евидентното предупредување. Централната банка (Deutsche Bundesbank) извести дека во првиот квартал, ќе останат стрес – факторите. Тоа во превод би алудирало на…
Read More

Уште еден рекорд на Bugatti

По четврти пат Bugatti е на пиедесталното место во автомобилската историја. Со моделот Mistral W16, Bugatti има најбрз кабриолет. Тоа го докажа со поставување на нов светски рекорд на патеката Automotive Testing Papenburg GmbH во Германија. Максималната брзина за автомобилот со отворен покрив достигна 453,91 км/ч. за разлика од претходниот рекорд на Veyron 16.4 Grand Sport Vitesse кој достигна 408,84 км/ч. Уште во 2010 година Veyron 16.4 Super Sport кој достигна рекорд од 431,07 км/ч. И токму од таму започна да се креира оваа успешна приказна. Прочитајте повеќе на изворот.
Read More

Бизарно: Cookie Monster возел автомобил, а сега е во бегство!

На патот во околината на Дортмунд, во Германија, полицијата на својата камера забележала една необична ситуација. Зад воланот на автомобил „Ауди РС2“ се возел Cookie Monster - познат лик од детско телевизиско шоу „Sesame street“. Изгледа возачот сакал да се пошегува со полицијата. Имено ја пречекорил дозволената брзина за 11 км/ч и се соочува со казна од 40 евра. „Можеби за некого е забавно, но носењето маска додека возите е многу сериозно. Доколку осомничениот признае дека возел додека носел маска, ќе добие дополнителна казна од 60 евра бидејќи во Германија е забрането носење маска додека вози. Во делот каде што границата е 80 km/h возел 91 km/h’. “ - изјавил Портпаролот на полицијата Питер Бандерман Осомничениот кој се криел зад ликот на Cookie Monster се соочува со вкупна казна од…
Read More

Волсфаген ги намалува платите за 10 отсто

„Волсфаген размислува за голем број мерки за намалување на трошоците за својот водечки бренд, вклучително и намалување на платите за 10 отсто и замрзнување на платите за две години, бидејќи се обидува да заштеди 4 милијарди евра“, објави весникот Handelsblatt, цитирајќи упатени во компанијата. Во услови на лоша економска клима Волсфаген размислува да ги намали и замрзне платите... А работниците се спротивставуваат кон таа идеја. Истовремено се разочарани од компанијата велејќи дека таа не го кажала својот јасен бизнис план и стратегија... Па ова им дошло како гром од ведро небо. Раководството според погоренаведениот весник, размислува на повеќе стратегии за заштеда. Така се предложила идејата да се намалат дополнителни плаќања за годишнини на вработените и ограничување на бонусите. Освен тоа Волсфаген планира да затвори некои германски производствени погони. Сепак за…
Read More