ДЕЛОВЕН СВЕТ И ФИНАНСИИ

Поголема финансиска писменост за здрава финансиска иднина – СН Осигурителен Брокер започна проект за финансиска писменост кај младите

Поголема финансиска писменост за здрава финансиска иднина – СН Осигурителен Брокер започна проект за финансиска писменост кај младите

- Најдобрата инвестиција е инвестицијата во себеси, додека пак менаџирањето со финансиите е многу важна вештина. Вештина која секој возрасен човек треба да ја знае и да ја совлада што порано во животот. Ова беше главната порака споделена со студенти од битолскиот универзитет на интерактивната работилница. Имено, стануваше збор за работилница за финансиска писменост која СН Осигурителен Брокер ја одржа во соработка со Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола. „Поголема финансиска писменост за здрава финансиска иднина“! Ова беше темата на интерактивната работилница наменета за студенти од битолскиот универзитет. Истата во рамките на својата стратегија за општествена…
Read More
Г7 предупредува: Кинескиот евтин извоз ја загрозува светската економија

Г7 предупредува: Кинескиот евтин извоз ја загрозува светската економија

-Целата светска економија е во опасност да биде презаситена со кинескиот евтин извоз, кажа Бруно Ле Мер, францускиот министер за финансии на состанокот со неговите колеги од земјите членки во групата 7 позната како Г7. - Пренесува faktor.mk „Неопходно е да се реагира на штетните практики и да се разгледа преземањето чекори за да се обезбеди ниво поле за играње“ - продолжи францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер на собир во Стреса, Италија, кој заедно колегите, директно му се обратија и ја повикаа Кина алудирајќи на барање решение за прашањето поврзано со кинескиот евтин извоз. Според Блумбер кинескиот прекумерен…
Read More
Сериозни економски последици за Германија доколку ја напушти Европската Унија

Сериозни економски последици за Германија доколку ја напушти Европската Унија

Експерти од германскиот економски институт IW во студија, оценија дека Германија би претрпела сериозна економска штета. Тоа би било траен удар за благосостојбата на луѓето во оваа земја, оценуваат економисти во анализата. Dpa. пишува дека „Алтернатива за Германија (AfD)“, крајно десничарската партија, сака да ја преиспита европската интеграција... И ЕУ да биде само економска интересна група на лабаво поврзани суверени држави. Од иснтитутот IW, чие седиште е во Келн, предвиделе и процениле дека во периодот од пет години доколку Германија излезе од Европска Унија, може да се очекува пад на БДП од 5,6 отсто или околу 690 милијарди евра. „Во…
Read More
Mazda со енормно зголемена продажба

Mazda со енормно зголемена продажба

Mazda Motor Corporation ја зголемува продажбата од 12% од година во година. Имено брендот ги објави своите финансиски и продажни резултати за целата година. Извести за глобална продажба од 1.241.000 возила за дванаесетте месеци заклучно со 31 март 2024 година. Продажните резултати на Mazda испорачаа нето-продажби од 4.827,7 милијарди ¥ (30,7 милијарди евра). Тоа зборува за зголемувањето од 26% на годишно ниво, што резултира со позитивни операции во текот на годината и профит од 250,5 милијарди ¥ (1,59 милијарди евра) и нето приход од 207,7 милијарди ¥ (1,3 милијарди евра), што е зголемување од 76% и 45%, соодветно. 514.000 единици…
Read More
Акциите на Тесла се вивнаа

Акциите на Тесла се вивнаа

Акциите на Тесла се вивнаа откако ја надмина клучната пречка во Кина. - пренесува nezavisen.mk. и акцентира: „Акциите на Тесла силно пораснаа во понеделникот, со темпо за нивниот најдобар ден од март 2021 година, откако производителот на електрични автомобили помина голема пресвртница за воведувањето на својата напредна технологија за помош на возачот во Кина.“ Имено во Кина еектричните автомобили на Тесла се едни од најпопуларните возила. Тие наводно се забранети во некои владини објекти поради загриженост за безбедноста на податоците. Прочитајте повеќе тука.
Read More
Пад на акциите по најавата на Цукерберг дека ќе инвестира во вештачка интелигенција

Пад на акциите по најавата на Цукерберг дека ќе инвестира во вештачка интелигенција

Пред самото отворање на берзите на САД, акциите на технолошката корпорација МЕТА, паднаа за 15 отсто. Тоа се случи откако светски познатиот извршен директор  Марк Цукерберг објави за време на самиот повик за заработка дека инвестициите во (ВИ) вештачката интелигенција, носат профит меѓутоа само на долг период.  Ова е пресврт во одлуките на Цукерберг кој го заинтригира јавноста. Ројтерс пренесува дека Мета изгубила повеќе од 180 милијарди долари од пазарната вредност по падот на нејзините акции. И покрај се, Марк Цукерберг, најави големи инвестиции кои се поврзани со вештачката интелигенција. На конференција за инвеститори за првиот квартал, технолошкиот гигант, пријави…
Read More
Во Шпанија е откриена банда фалсификатори на евро монети

Во Шпанија е откриена банда фалсификатори на евро монети

„Во Шпанија е откриена банда фалсификатори на евро монети. Осомничените, Кинези, ги пуштиле монетите во оптек низ Европа.“ – пренесува pari.mk Имено, медиумите објавија дека во Шпанија се појавила извесна банда која фалсификувала евро монети. Според полицијата, станува збор за осомничени кои доаѓаат од Кина, а исто така се вели дека 500.000 фалсификувани монети со „висок квалитет“ веќе се пуштени на европскиот пазар. Дојче Веле истакнува дека шпанската полиција веќе шест години е концентрирана кон истрага на овој случај. ДПА од своја страна истакна: „ Тоа беше исклучително тешка и долготрајна, не само поради тајноста во организацијата и поради практично…
Read More
Како да ги видите кариерните можности и да направите добар финансиски план – Совети од HR експерти

Како да ги видите кариерните можности и да направите добар финансиски план – Совети од HR експерти

Успехот ретко доаѓа одеднаш и за да се постигне, неопходно е постојано фокусирање и работа. Експертите за човечки ресурси истакнуваат неколку клучни совети за сите кои почнуваат нова кариера, сакаат да направат промена во постоечката или се стремат кон непрекинато подобрување на своите вештини. Успехот ретко доаѓа одеднаш и за да се постигне, неопходно е постојано фокусирање и работа. Експертите за човечки ресурси ( HR), истакнуваат неколку клучни совети за сите кои почнуваат нова кариера, сакаат да направат промена во постоечката или се стремат кон непрекинато подобрување на своите вештини. Особено е важно да разберете дека во иднина, вашата кариера…
Read More
И „Тесла“ е во криза – Од компанијата испуштаат 10 отсто од својата глобална работна сила

И „Тесла“ е во криза – Од компанијата испуштаат 10 отсто од својата глобална работна сила

„Тесла“ американскиот производител на електрични возила, планира да отпушти работници. Имено станува збор за 10 отсто од својата работна глобална сила. Ова е нагласено во нивниот интерен меморандум. Извршниот директор на компанијата „Тесла“, Илон Маск во меморандумот, ќе забележи:„„Додека ја подготвуваме компанијата за нашата следна фаза на раст, исклучително е важно да го разгледаме секој аспект на компанијата за да ги намалиме трошоците и да ја зголемиме продуктивноста“ Маск изјави дека ги анализирале трошоците на компанијата, па следствено од светски познатиот бренд производител на електрични возила „Тесла“, велат дека ова било тешка одлука, но мора да се придржуваат кон истата.…
Read More
Ова е најбогатата славна личност во светот според Форбс

Ова е најбогатата славна личност во светот според Форбс

Џорџ Лукас е името кое се најде на врвот на топ листата на најбогатите славни личности во светот. Имено Џорџ Лукас е познато име во филмската индустрија. Тој е американски сценарист, режисер и продуцент, а она по кое е најповеќе познат е тоа што токму Лукас е креаторот на „Војна на ѕвездите“. Имено во текстов акцентот го ставаме на најбогатите познати личности во светот според Форбс. На листата од 15 – те најбогати познати личности повторно се најде Џорџ Лукас и режисерот ја врати својата репутација со неверојатна заработка од 5,5 милијарди долари оваа година. Меѓу другото, познатото звучно холивудско…
Read More