Ова е најбогатата славна личност во светот според Форбс

Џорџ Лукас е името кое се најде на врвот на топ листата на најбогатите славни личности во светот. Имено Џорџ Лукас е познато име во филмската индустрија. Тој е американски сценарист, режисер и продуцент, а она по кое е најповеќе познат е тоа што токму Лукас е креаторот на „Војна на ѕвездите“.

Имено во текстов акцентот го ставаме на најбогатите познати личности во светот според Форбс. На листата од 15 – те најбогати познати личности повторно се најде Џорџ Лукас и режисерот ја врати својата репутација со неверојатна заработка од 5,5 милијарди долари оваа година.

Меѓу другото, познатото звучно холивудско режисерско име, има 79 години и моментно води живот далеку од фокусот на шоубизнисот и очите на јавноста. Познато е дека Лукас ја продаде својата продукциска куќа Лукасфилм на Дизни во 2012 за над 4 милијарди долари.

Листата на Форбс го вклучува проценувањето на заработениот буџет од луѓето од забавната и спортска индустрија во Соединетите Американски држави.

Имено, во последните 4 години, овие 14мина станале милијардери. Со неверојатно тактизирање и бизнис планови, овие бизнисмени направиле добри одлуки во поглед на инвестициите и потфатите. После Џорџ Лукас со 5, 5 милијарди долари заработени до 8ми Март годинава, на листата се наоѓаат:

-Стивен Спилберг,

-Мајкл Џордан,

-Опра Винфри

-Џеј Зи