УДАРНИ НОВОСТИ

Педро Санчез ја одмрзнува тровската битка и испраќа порака до Европската Унија и Кина: Шпанија повикува на компромис со Кина за електричните автомобили

Педро Санчез ја одмрзнува тровската битка и испраќа порака до Европската Унија и Кина: Шпанија повикува на компромис со Кина за електричните автомобили

Во срцето на глобалната економска сцена, шпанскиот премиер Педро Санчез испраќа порака до Европската Унија и Кина. Повикува на внимателност и размислување пред воведувањето дополнителни царини за кинеските електрични автомобили. „Не ни треба уште една војна, а најмалку трговска војна“. Истакна Санчез и повикува на дијалог и соработка на крајот од неговата официјална посета на Кина. Додека Европската комисија веќе воведе привремени царини од 5ти јули, шпекулациите околу дефинитивните мерки  кои треба да стапат на сила за неколку месеци, оставаат простор за дипломатска маневра. Шпанија ќе дејствува конструктивно во потрагата по компромис. Притоа, истакнувајќи дека сите земји – членки, вклучително…
Read More
Дали бојата на автомобилот може да ви заштеди гориво? Откријте ја неочекуваната врска!

Дали бојата на автомобилот може да ви заштеди гориво? Откријте ја неочекуваната врска!

Дали бојата на автомобилот може да ви заштеди гориво? Зарем некогаш сте помислиле дека бојата на вашиот автомобил би можела да влијае на потрошувачката на гориво? Звучи како научна фантастика, но не и за научниците од американската лабараторија Лоренс Беркли. Нивната студија, дел од проектот Cool Cars, поддржан од Калифорниската енергетска комисија, открива изненадувачки факти: бојата на каросеријата може да игра улога во тоа колку често ќе мора да го полните резервоарот! Светлите автомобили кои ги рефлектираат сончевите зраци, одржуваат пониска температура во внатрешноста. На спротивната страна, темните автомобили ја апсорбираат топлината и создаваат вистински мини – печка внатре. Резултатот?…
Read More
MOTOCAST: Поткаст посветен на живиот и страстен свет на мотоциклизмот

MOTOCAST: Поткаст посветен на живиот и страстен свет на мотоциклизмот

Мото заедницата на Балканот тргна на ново возбудливо патување со премиерното прикажување на MOTOCAST, првиот подкаст од ваков вид во регионот, посветен на славење и промовирање на живиот и страстен свет на мотоциклизмот. Првата епизода посветена на светот на мотоциклизмот, беше премиерно прикажана во средата. На 11 септември 2024 година на националната телевиија Канал 5 и тоа во 21:30 часот на нејзиниот официјален канал на YouTube , а во 23:00 часот во рамки на нејзината телевизиска програма . Подкастот ќе биде поставен и ќе може да се следи и на официјалниот канал на MOTOCAST во четврток во 21:30 часот. MOTOCAST, за…
Read More
Во ова место морате да возите автомобил во бела боја, во спротивно следуваат казни!

Во ова место морате да возите автомобил во бела боја, во спротивно следуваат казни!

Перфекционизмот велат дека до некаде е болест. Стремежот кон совршенство и беспрекорен изглед е неоправдан, но во овој град изгледа сето ова не важи. Имено, на ова место дозволено е да возите само автомобил во бела боја. Евентуално се дозволени автомобили со сребрени или златни нијанси. Но, секако и тие мора да блескаат и да бидат беспрекорно чисти. Станува збор за главниот град на Туркменистан каде уште во 2018 година, бил донесен декрет. Според некој во Ашгабат е строго забрането возење во црни или пак светло обоени автомобили. Зошто е ова вака и дали можеби станува збор за суеверие поврзано…
Read More
Видео: Alpine A390_β на саемот во Париз

Видео: Alpine A390_β на саемот во Париз

Брендот Alpine најавува промоција на концептот A390_β на овогодинешниот автомобилски саем во Париз. Ова е најава за идниот електричен „спортски фастбек“. Моделот ќе почне да се произведува во 2025 година. Повеќе информации за оваа приказна се очекуваат после премиерата. „Уште во 2022 година се зборуваше дека ќе се базира на најновата верзија на платформата CMF-EV. Потоа минатата година моделот беше најавен како Crossover GT од C-сегментот кој ќе игра важна улога во иднината на марката. Заедно со другите нови модели, тој би можел да се нуди на глобално ниво, бидејќи Alpine најави дека планира да влезе во Азија, како и…
Read More
Целосно електричниот Forthing Xinghai S7: Интелигенција на тркала со системи за препознавање лица и 555 км автономија

Целосно електричниот Forthing Xinghai S7: Интелигенција на тркала со системи за препознавање лица и 555 км автономија

Уште од пред некое време, нова серија модели на Xinghai беа лансирани од страна на брендот Forthing, во сопственост на кинеската Dongfeng. „Оваа линија е создадена специјално за електрифицирани автомобили. Прво се појави хибридниот миниван V9, а сега семејството е надополнето со целосно електричниот Xinghai S7 лифтбек.“ - пренесува autoblog.rs Forthing Xinghai S7 има меѓуоскино растојание од 2915 mm. Тој е долг 4935 mm. Неговата ширина е 1915 mm, а висок е 1495 mm. Волуменот на багажникот е 541, додека со спуштени задни седишта оваа бројка се зголемува на 1303 литри. Батеријата од 56,8 kWh овозможува опсег до 555 km…
Read More
Автомеханичар предупредува: Aвтомобилите кои ретко се користат се влошуваат со текот на времето

Автомеханичар предупредува: Aвтомобилите кои ретко се користат се влошуваат со текот на времето

LADBible пренесува предупредувачка информација. Имено, станува збор за автомеханичар од Walsall Wood Tires - Крег. Тој објави видео на TikTok предупредувајќи за ризиците од автомобилите што ретко се возат. Неговите препораки велат дека возачите со мала километража годишно, мора да посветат повеќе внимание. Внимание во контекст на одржувањето на нивните автомобили. „Возилата се расипуваат ако се возат малку“ вели овој автомеханичар. Автомобилите кои најчесто ги гледаме во лоша состојба, или поради корозија или оштетени делови, се оние кои се возат минимално... Да речеме само 30 километри. Таквите возила често се во полоша состојба на МОТ од оние кои надминуваат 100.000…
Read More
Студија открива: „Дали возачите на одредени марки имаат подобри рефлекси во споредба со возачите на други марки на автомобили?“

Студија открива: „Дали возачите на одредени марки имаат подобри рефлекси во споредба со возачите на други марки на автомобили?“

Студија открива: „Дали возачите на одредени марки имаат подобри рефлекси во споредба со возачите на други марки на автомобили?“ Истражувањето е концентрирано кон тоа колку брзо реагираат возачите. Од моментот кога тие забележуваат непредвидлив наста до мигот кога тие ќе изреагираат на истиот. Како што е измерено, студијата вели дека просечното време на реакција се движи од половина секунда до една секунда. Oвие бројки се под влијание на различни фактори. „Студијата спроведе виртуелен тест на примерок од 2.000 возачи кои симулираа итно сопирање. Иако се свесни дека овој метод не може да ги репродуцира вистинските услови на возење, како и…
Read More
ВИДЕО: Рено ја исмева Тесла

ВИДЕО: Рено ја исмева Тесла

И најдобрата и најлошата реклама, велат дека е најгледана. Во Лондон е поставена дигитална реклама и тоа на стратешко место, пред бензинска станица. Рено (Renault) во поглед на темата маркетинг, изгледа сака да го избегне клишето и пишуваните правила, но изгеда и знае како до најдобра реклама. Моментално, т.н. хејтање е нешто на кое публиката најповеќе се „фаќа“, па изгледа и затоа оваа реклама стана вирален хит. Имено, наместо само да го пофали Scenic и неговите предности, Renault реши да ги таргетира (многу) сопственици на Tesla Model Y кои минуваат. Пораката која сака да ја каже рекламата е едноставно. Renault…
Read More
Осигурување e клучен чекор кон реализацијата на планот

Осигурување e клучен чекор кон реализацијата на планот

Осигурување e клучен чекор кон реализацијата на планот. Осигурувањето подразбира финансиски механизам кој обезбедува заштита од одреден ризик. Вклучува заштита и од непредвиден настан. Сите имаме визија и планови за иднината. Замислуваме патека која води кон нашите цели, било тие да се мали или големи. Во себе носиме надеж и верба дека ќе ги оствариме тие планови, создавајќи иднина исполнета со успех без непотребни пречки и забавувања. Но, дали сме секогаш сигурни во реализацијата на тие планови? Зошто често ги игнорираме прашањата кои можат да ни откријат скриени ризици и да ни помогнат да ги избегнеме? Дали нашата самоувереност може…
Read More