Според законските прописи, од денес секое возило мора да има зимска опрема

зимска опрема

Без разлика на временските услови, според законот од денеска, во наредните четири месеци, зимска опрема на возилото е задолжителна. Истото важи до 15-ти март 2025 година.

зимска опрема

Според одредените прописи, секое патничко возило кое учествува во сообраќајот надвор од населено место мора да има зимски пневматици… На сите тркала со минимална длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина од 4 милиметри… Или пневматици со летен профил ако возилото во приборот има синџири за снег за погонските тркала или други соодветни помагала.

На прагот е зимата, па освен задолжителната зимска опрема, потребна е и проверка на возилото и тоа на антифризот, проверка на течноста за бришачите на ветробранското стакло, проверка на маслото во моторот, на притисокот во пневматиците, како и на акумулаторот.