УДАРНИ НОВОСТИ

Bentley подготвен за следната фаза на електрификација

Bentley подготвен за следната фаза на електрификација

Британскиот производител Bentley ја заврши првата фаза на електрификација та и се насочува кон нови испити. Од 2026 година, Bentley ќе започне со новата фаза, чиј централен дел е развојот на првиот целосно електричен модел. Визија под ново раководство на чело на оваа трансформација е Франк-Штефен Вализер, кој пред половина година пристигна од Porsche. Според него, Bentley гледа бројни можности. Моности за иновации во премиум електричниот сегмент, вклучувајќи и „поекстремни“ опции кои сепак нема да го копираат Porsche. Првиот електричен модел ќе биде луксузен кросовер. Со димензии помали од Bentayga, создаден е да ги задоволи специфичните потреби на купувачите. Иако…
Read More
Audi се откажува од прстените – AUDI со нова стратегија за Кина

Audi се откажува од прстените – AUDI со нова стратегија за Кина

Со претставувањето на новиот бренд AUDI , германскиот производител ја редифинира својата стратегија за кинескиот пазар. Наместо препознатливото лого со четири прстени, користи осветлени букви.... Истакнувајќи ја врската со сестринската марка, но и новиот правец на брендот. Иновации за нова ера Новиот идентитет се базира на концептот AUDI Е, целосно електричен спортбек кој претставува „репер“ за идните три сериски модели. Со димензии блиски до Audi А5, концептот е специјално дизајниран за кинеските купувачи. Со акцент на модерни линии и напредни технологии. Од Инголштат изјавуваат: „AUDI е обликуван 100% од ДНК и ја отелотворува нашата филозофија „Vorsprung durch Technik“ (Предност преку…
Read More
Dacia vs. Citroen – Кој е новиот играч на на сцената на достапниот автомобилски луксуз?

Dacia vs. Citroen – Кој е новиот играч на на сцената на достапниот автомобилски луксуз?

Во светот на автомобилската индистрија, кој во последните две децении не може да се пофли со голем број успешни приказни, Dacia се истакнува како исклучок. Од 2004 година, кога го претстави моделот Logan, овој бренд на Renault се трансформира во еден од најважните играчи на европскиот пазар. Сега, францускиот гигант Citronen реши да ја прифати истата формула и да ја адаптира на свој начин. Формула за успех: Како Dacia ги освои купувачите? Со правилно позиционирање и ефикасна стратегија, Dacia постигна неверојатни резултати. Минатата година, продаде над 650 000 автомобили, а со вклучување на моделите што се продаваат како Renault, бројката…
Read More
Maextro S800 – Луксузот добива нова дефиниција

Maextro S800 – Луксузот добива нова дефиниција

На 26 ноември, автомобилската индустрија ќе го дочека новиот врв на луксузот - Maextro S800, првиот модел на ексклузивниот подбренд Maextro, создаден преку соработка меѓу ЈАС и Huawei. Овој електричен автомобил го поставува највисокиот предизвик: да го надмине Maybach и Rolls-Royce Phantom во луксуз и удобност. Изјава на Визијата Yu Chengdong, директор на секторот за Smart Car Solutions на Huawei, нагласува: „Maextro S800 ќе ги редифинира стандардите за ултралуксузни автомобили. Нашата цел е јасна – да создадеме нешто неспоредливо.“ Дизајн што раскажува приказна Maextro S800 комбинира традиционални елементи со врвна технологија: Хромирани детали за престиж, двобојна каросерија, симбол на елеганција.…
Read More
„СН Групацијата ја поддржува едукацијата и развојот на младите: Практична обука за учениците од СОУ „Таки Даскало“

„СН Групацијата ја поддржува едукацијата и развојот на младите: Практична обука за учениците од СОУ „Таки Даскало“

СН Групацијата го поддржува и препознава потенцијалот на младите. Како општествено одговорна компанија, даваме дополнителна поддршка во процес на едукација кај младите. Помагаме во зајакнување на нивниот капацитет во поглед на кариерниот понатамошен развој. Практичниот дел е многу важен, па затоа СН Сообраќаен Центар повторно ги отвори вратите на учениците од средното училиште СОУ „Таки Даскало“ од Битола. Тие заедно со професорот Драганчо Маркоски, имаа можност да се запознаат со содржините на СН Сообраќен Центар согласно со наставните програми и планови за средно стручно образование. Учениците доаѓаа од насоките техничар за патен сообраќај и техничар за патна шпедиција. Преку презентација…
Read More
Оптимистички очекувања за Lamborghini – Компанијата со нов финансиски рекорд

Оптимистички очекувања за Lamborghini – Компанијата со нов финансиски рекорд

Во свет кога автомобилската индустрија постојано се бори за опстанок и одредени мали компании се борат со конкурентните гиганти, суперавтомобилите како Lamborghini се продаваат како алва. Така, со уште посилна амбиција и заслужен успех, Lamborghini се пофали дека целокупното производство на Urus, е распродадено до 2026 година. И покрај фактот што овој ултимативен кросовер е стар седум години и цените му стартуваат од 250 илјади евра, ентузијастите (клиентите) не се откажуваат од брендот. Наследникот на овој модел, ќе биде електричен е планиран за крајот на деценијава. „Слична е судбината и новиот Revuelto, чии испораки како наследник на Aventador започнуваат во…
Read More
Доделена годишната награда „Златен волан“ за најдобар автомобил

Доделена годишната награда „Златен волан“ за најдобар автомобил

Неодамна беше доделена годишната награда „Златен волан“. Станува збор за 48-та традиционална церемонија на доделување награди за најдобрите автомобили во 14 главни категории. Но, и овој пат следеа изненадувања. На доделувањето беа присутни извршниот директор на VW и шефот на Мерцедес, Bild am Sonntag и Auto Bild. Од достапниот „Citroen e-C3“ до моделот „Aston Martin Vantage“ како и „Tesla Cybertruck“ кој исто така доби награда во „Најкул“ Категорија на автомобили. Како пресвртница во автономното возење, Mercedes Drive Pilot доби награда за иновација. Имено наградата „Златен волан“се доделува врз основа на иновациите и подобрените технологии на автомобилите. „Златниот глобус“ е асоцијација…
Read More
Совети кои ќе ви заштедат време : Како брзо да го загреете автомобилот?

Совети кои ќе ви заштедат време : Како брзо да го загреете автомобилот?

Кога температурите опаѓаат, секако дека седењето во вашиот автомобил и не е толку пријатно чувство. Експертите советуваат како да заштедите време и како побрзо да ја загреете кабината и да го забрзате процесот. Чекор еден: Зголемете ја температурата и вентилаторите. Со ова полесно ќе го загреете автомобилот. Според експертите и не е толку клучно и важно каков клима уред поседува вашето возило. Ставете го на full blast и вклучете ги и вентилаторите. Ова ќе овозможи топлиот воздух да циркулира побрзо во внатрешноста на автомобилот. Рециркулација на воздухот за побрзо загревање Вториот чекор е да го притиснете копчето на чиј симбол…
Read More
Brabus со впечатлив дизајн, високи перформанси и нова –  Peetch боја

Brabus со впечатлив дизајн, високи перформанси и нова – Peetch боја

Колекцијата на Brabus 2025 година со смел потег и автомобил кој успева да го редефинира луксузот. Ова е досега невиден Brabus стил кој дебитира на Brabus 900 Peetch и Brabus 600 Peetch моделите. Впечатлив дизајн и високи перформанси. Имено Brabus 600 Peetch и Brabus 900 Peetch се тјунирани автомобили базирани на Porsche 911 Turbo S Cabrio и Range Rover P530. Истите се појавуваат на автомобилската сцена во привлечна боја, нови тркала и модифицирана суспензија. 900 Peetch ја доби новата Peetch боја, аеро-кит за каросерија (преден спојлер, заден дифузер, заден спојлер, …), тркала од 21 и 22 инчи, кожа од праска,…
Read More
Уште еден рекорд на Bugatti

Уште еден рекорд на Bugatti

По четврти пат Bugatti е на пиедесталното место во автомобилската историја. Со моделот Mistral W16, Bugatti има најбрз кабриолет. Тоа го докажа со поставување на нов светски рекорд на патеката Automotive Testing Papenburg GmbH во Германија. Максималната брзина за автомобилот со отворен покрив достигна 453,91 км/ч. за разлика од претходниот рекорд на Veyron 16.4 Grand Sport Vitesse кој достигна 408,84 км/ч. Уште во 2010 година Veyron 16.4 Super Sport кој достигна рекорд од 431,07 км/ч. И токму од таму започна да се креира оваа успешна приказна. Прочитајте повеќе на изворот.
Read More