Беше само прашање на време кога некој електричен хиперавтомобил ќе го предизвика Rimac Nevera – објави Motor1. На 8 јуни, јапонскиот Aspark со новиот SP600 достигна 438,7 km/h со вградениот Racelogic V-Box (26,7 km/h подобар од Nevera). Тоа значи дека помалку познатиот бренд, го симна од пиедесталот место и трон, хрватскиот ѕвер.
Произведен во Италија од Manifattura Automobili Torino, Aspark SP600 беше доведен до границите на АТП полигонот во Папенбург. Невера го постави претходниот рекорд за максимална брзина во 2022 година истата германска патека, а истиот постигна и 23 дополнителни рекорди една година подоцна.
Деталите околу автомобилот не се откриени, но сепак SP600 е опишан како ново развиено возило. Од тука, тоа не е варијација на претходниот модел Owl (последниот има четири електрични мотори со 1480 kW/2012 КС).
Во опсoт стои дека е прототип подготвен за производство. Опремен е со гуми Bridgestone Potenza Race. Не станува збор за патно легално возило. А тоа го покажува отсуството на странични ретровизори поради поголема брзина со намалување на отпорот
Во Торино овој автомобил беше дизaјниран од страна на M.A.T. Истиот првично беше подложен на тестирања во аеро-тунел, а имаше и виртуелни и физички тестови.