Nissan е еден од најпопуларните кросовер во светот. За да се одржи темпото на продажбата марката воведе новитети.
Интересно е што инспирацијата за освежениот модел, доаѓа од една многу интересна приказна. Имено, мрежестата маска е зголемена и всушност е инспирирана од оклопот на што го носеле древните јапонски војници. Над гломазниот модел, за поголема естетска функција, а веројатно и за разбивање монотонија, се додадени елегантни и тенки фарови кои мора де признае, дека го разубавија дизајнот.
Вклучен е нов браник кој го зголемува впечатокот на дизајнот со што тој изгледа поспортски. Сет LED светла се истакнуваат на задниот дел кои исто така го зголемуваат едектот во контекст на поспортскиот изглед.
Вистинскотоо освежување е инфозабавниот систем кој е ажуриран и е базиран на Android. Вграден е личен асистент и мапи на Google.
Приказ на 3D на возилото, му овозможува на возачот гледање на надворешната страна на автомобилот од секој агол. Истиот со помош на оваа 3D функција, може да се види и од високо, од птичија перспектива. Како новитет општо во автомобилскиот технолошки напредок е тоа што сега автомобоилот има можност за меморирање на одредена локација на паркинг место. Така најчесто користеното место веќе е резервирано за автомобилот со што Nissan може автоматски да се паркира.
Како и да е, електрифицираната комплетна постава на мотори останува иста како порано, па со оглед на тоа автомобилот не го нуди Qashqai со чисто електричен погонски склоп или со приклучен хибрид.