автомобил

Зошто автомобилските гуми се исклучиво во црна боја?

Зошто автомобилските гуми се исклучиво во црна боја?

Добро се знае фактот дека автомобилските пневматици имаат црна боја. Но, како да не се фокусираме на прашањето: Зошто е тоа така? „Одговорот е во производството. Автомобилските гуми се црни бидејќи на нив се додава саѓи, објасни реномираната германска организација за технички преглед TUV Nord.“ - пренесува autoblog.rs во врска со црна та боја. Од она што ние го знаеме, причината за таа црна боја на автомобилските гуми, се должи на додавањето на саѓи (или црн јаглерод). Тоа е фин прашок од јаглерод, кој има неколку клучни функции: Зголемена издржливост и отпорност на абење(трошење). Саѓи ја прават гумата поотпорна и…
Read More
Поексклузивна верзија на култната „Isetta”

Поексклузивна верзија на култната „Isetta”

„Microlino" после многу проблеми започна со производство на електричната минијатура, а сега пристигна и поексклузивна верзија. Именувана како "Spiaggina" моделот е преработка на веќе постоечкиот. „Isetta" сега има верзија за на плажа и на местото на задните прозорци е поставен платнен покрив. Така, над линијата што ги дели сино-белите делови на автомобилот, остануваат само шофершајбната и рамката што го поддржува лесно преклопувачкиот покрив. Кабината на Isetta ќе биде обложена со „веганска кожа“ со водоотпорни карактеристики, а покрај оваа сино-бела комбинација, ќе бидат понудени црна и зелена боја. Двоседот го напојува електромотор од 17 коњски сили кој се напојува од батерија…
Read More
ВИДЕО: Првиот летечки автомобил во светот доби европски сертификат

ВИДЕО: Првиот летечки автомобил во светот доби европски сертификат

Некогаш фантазија, сега вистина. Првиот летечки автомобил во светот доби европски сертификат. Процесот траел четири години. Тоа го вели холандската компанија Pal-V. А она што сеуште не е дозволено е да се лета, па засега автомобилот останува на земја само да се вози. Имено, овој летечки автомобил е наречен Liberty и би се рекло дека изгледа како мал хеликоптер и трицикл. Пропелерот е сместен над покривот. Има можност да постигне 160 километри на час обезбедени од 100-коњски мотор. За овој автомобил да може да полета, се користи двојно посилен мотор. Тој му овозможува да се искачи до 3.350 метри и…
Read More
ВИДЕО: Кинезите докажаа дека и електричниот автомобил може да плови!

ВИДЕО: Кинезите докажаа дека и електричниот автомобил може да плови!

Како и во секое поле и овој пат кинезите најинвентивни. Имено тие докажаа дека може да се отфрли митот дека електричните возила не можат да влезат во вода. Станува збор за BID (BYD) - кинески производител на електрични автомобили кој го демонтстрира ова. Публиката од Европа посведочи на моментот и виде како хибридниот теренец YangVang (Yangvang) U8 влегува во вода. Она што најповеќе ги изненади сите, е фактот дека освен што може да „плови“, луксузниот автомобил на BID може да врти и 360 степени во вода. Сепак ова беше забавен спектакл, но всушност зад презентацијата се крие сериозната функција. Што…
Read More
Porsche Cayenne Coupe S – Larte Design се пофали со фотографии

Porsche Cayenne Coupe S – Larte Design се пофали со фотографии

Се појави модификациски пакет за Porsche Cayenne Coupe S. Проектот е на Larte Design кој се пофали со фотографии. Комплетот Porsche Cayenne Coupe S се состои од предниот спојлер... Модификации на хаубата, отворите за воздух, елементите на предната табла, делови од браниците, капачињата на ретровизорите, спојлерот на багажникот и спојлерот на покривот, калниците, како и задниот дифузер. За разлика од фабричката верзија, автомобилот е малку понизок и има и спортски издувен систем, опционални детали за внатрешноста и атрактивни тркала од 23 инчи. „Нашата цел беше да создадеме уникатен изглед кој ја нагласува индивидуалноста и карактерот. „Larte Edition не е само…
Read More
Го паркирал своето Ферари F40 и го заборавил цела деценија

Го паркирал своето Ферари F40 и го заборавил цела деценија

Како може да заборавиш Ферари? Епа токму вака. Бизнисмен и тенисер од Романија, го паркирал своето Ферари F40 и заборавил на него цела деценија. Џон Тиријак е познато име во светот на тенисот. Но, веројатно е повеќе познат по неговите менаџерски способности и грижата околу кариерата на врвните тенисери... Kако Горан Иванишевиќ или Борис Бекер. Имено Тиријак е еден од најмоќните бизнисмени во светот со големо богатство. Џон, меѓу другото во својата гаража има дури 400 вредни автомобили. Како што пренесува Ривју ХАК, меѓу неговата колекција на скапи автомобили имал и Ферари Ф40. Тоа е легендарен модел на италијанската марка…
Read More
Кратки возења? Зошто да ги избегнувате?

Кратки возења? Зошто да ги избегнувате?

Кратки возења? Зошто да ги избегнувате? Навиката да го користите автомобилот до најкраткиот киоск има негативни последици за вашиот автомобил. Кога претпочитате кратки возења, моторот не успева да ја достигне потребна работна температура. Ова доведува до формирање на наслаги на важни делови како што е EGR вентилот што може да предизвика сериозни проблеми со моторот. Последици од кратките возења Намалување на својствата на маслото: влага не се испарува целосно и се меша со маслото. На овој начин се доаѓа до негово деградирање и резултира со потребата од брза замена на маслото. Мешање на масло и гориво: кратките возења предизвикуваат мешање…
Read More
Pagani Utopia – одлучно оди по својот пат

Pagani Utopia – одлучно оди по својот пат

Pagani Utopia - одлучно оди по својот пат. Најновиот модел  Pagani Utopia, претставува вистински празник на традиционалниот инженеринг со „суров“  6,0-литарски V12 мотор од Mercedes. Носи двојно турбо и никакви хибридни компромиси. Оваа одлука е далеку од случајна. Основачот и директорот Хорацио Пагани го прави тоа за своите клиенти, кои како што самиот вели, не сакаат хибриди. Во време кога речиси сите нови хиперавтомобили се хибридни, Pagani се издвојува со својата единствена визија. Хорацио Пагани смета дека хибридните системи не се само непотребни туку и тежок товар за возилото и неговите перформанси. „Во реалноста, никој не е заинтересиран за хибриден…
Read More
Видео: AC Cobra GT Coupe – Духот на минатото во современиот свет

Видео: AC Cobra GT Coupe – Духот на минатото во современиот свет

AC Cars, познатиот британски производител изненади со купе верзија на легендарниот спортист Cobra. „Прв од ваков вид воопшто, автомобилот е затворена верзија на новиот GT Roadster со кој ја дели алуминиумската шасија“. Пренесува avtomagazin.mk Микс од современата технологија или модерното време и историска инспирација. AC Cobra GT Coupe го носи духот на минатото во современиот свет Моделот има купе од карбонски влакна. перформансите се за почит така што погонот ќе биде исклучиво од V8 агрегати. Основната верзија располага со 456 коњски сили, компресорската со 730 а специјалната Clubsport Edition од која ќе бидат направени само 99 примероци, со дури 810…
Read More
Приказната на најпознатиот „ЈУ“ олтајмер – Југо

Приказната на најпознатиот „ЈУ“ олтајмер – Југо

Носталгичниот модел, одново привлекува внимание. За приказната за југо, нема кој не се интересира. Можеби е тоа така, затоа што ова бил навистина популарен автомобил кој всушност направи револуција на Балканот во поглед на автомобилската индустрија. Се вели, дека автомобилот одбележа историја на една земја, на една нација. За жал, овој автомобил се помалку го има на патиштата. А водејќи се од некои носталгични побуди, на интернет наидовме на вистинската приказна што стои зад познатиот „веќе“ олтајмер. Имено, пред пвеќе од 45 години беше завршено и склопено првото „југо“. Според некои, првиот прототип на „југо“ кој беше завршен на 2…
Read More