Како може да заборавиш Ферари? Епа токму вака. Бизнисмен и тенисер од Романија, го паркирал своето Ферари F40 и заборавил на него цела деценија.
Џон Тиријак е познато име во светот на тенисот. Но, веројатно е повеќе познат по неговите менаџерски способности и грижата околу кариерата на врвните тенисери… Kако Горан Иванишевиќ или Борис Бекер.
Имено Тиријак е еден од најмоќните бизнисмени во светот со големо богатство. Џон, меѓу другото во својата гаража има дури 400 вредни автомобили. Како што пренесува Ривју ХАК, меѓу неговата колекција на скапи автомобили имал и Ферари Ф40. Тоа е легендарен модел на италијанската марка кој чинел дури 700.000 долари. Но, со оглед на обврските околу кариерата и постојаниот работен ангажман, Тиријак не бил баш фокусиран околу неговите вредни работи и приватниот план. Така, во еден момент, во осумдесетите години на минатиот век, тој го остави Ферари F40 на паркинг во Минхен.
Десет години подоцна, во 90-тите, ми се јави господинот Бекер и ми кажа дека мојот F40 сè уште е паркиран таму.Го заборавив моето Ферари цела деценија – признава Тиријак.
Откако бизнисменот од Романија дознал за ферарито, одлучил да го продаде, но нешто пред тоа морал да го испрати назад во Маранело за да го расклопи моторот и да го врати во возна состојба.