Ефективното полнење на електрични автомобили со новиот соларен полнач е револуционерен производ и концепт, развиен од американската компанија GoSun
Новиот соларен полнач се обидува на секој можен начин да го реши проблемот со полнењето на електричните автомобили. Истиот наликува на покривна кутија. Системот на соларни панели тежи 30 кг. Долг е 1,2 метри и широк 1,2 метри и е висок околу 10 см. Меѓу предностите, според Review HAK, се нагласува дека корисникот може да ја отвори кутијата и да ги расклопи соларните панели над автомобилот, кога истиот е запрен.
Панелите можат да генерираат моќност од 1200 вати и тогаш кога се целосно расклопени. Таа моќност се пренесува на батеријата на возилото. Со ова, корисникот може да ја поврзе покривната кутија директно со приклучокот за полнење на автомобилот дури и во склопена положба, кога кутијата може да генерира моќност од 200 вати. Севкупно, на дневна основа, оваа соларна церада може да генерира околу 47 дополнителни километри досег на ден.
Првите испораки се очекуваат на почетокот на 2025 година, а GoSun очекува цената да биде 3.957 евра.