Поради падот на побарувачката, Porsche го намалува производството на електричниот Taycan

Актуелен е општиот пад на побарувачката на електрични возила. Поради таа причина, според одредени медиуми во Германија Porsche го намалува производството на целосно електричниот Taycan.

И заедно со многу други електрични возила, моментално опаѓа и побарувачката за Taycan. Предвидено било Taycan да продаде повеќе од 40.000 единици во 2023 година. Но, новите извештаи од Германија велат дека очекувањата не се исполнети.

Porsche

„Фабриката во Куфенхаузен, каде што се произведува Taycan, наскоро ќе се префрли на една смена како одговор на помалата побарувачка од очекуваното. Порше преговара со локалниот работнички совет, а промената не се очекува да резултира со губење на работни места. Портпаролот на брендот не го коментираше извештајот.“ – известува Stuttgarter Nachrichten, пренесува autoblog.rs.

Во Германија во првите шест месеци од 2024 година, пресметан е пад од 16,4%. А поради зголемениот број на поевтини електрични возила произведени локално, кинескиот пазар е помалку заинтересиран за Taycan. Луксузните германски модели со мотори со внатрешно согорување, се приоритет на кинеските купувачи, па така моделите со електрични погони не ги задоволуваат нивните апетити.

Сепак има надеж, бидејќи некои купувачи можеби чекаа да пристигне фејслифтираниот модел, а во случајот тоа се случи со Porsche Taycan.