Опел ја обновува Фронтера како компактен SUV со опции за електричен и хибриден погон. Фронтера доаѓа како наследник на Кросленд во продуктната линија на Опел и ќе се позиционира под моделот Мока во клучниот сегмент на европскиот автомобилски пазар.
Компактниот SUV модел Фронтера, кој го наследува Опел Кросленд, ќе биде понуден како целосно електрично возило и со 48-волтен благ хибриден погон. Германскиот бренд од групацијата Stellantis ги претстави првите фотографии од Фронтера, кој покажува повеќе „конзервативен“ или традиционален SUV дизајн во споредба со другиот модел на Опел во истиот сегмент, поелегантната и отмена Мока. Опел сè уште не сподели дополнителни информации за новиот модел.
Веројатно целта е Опел да стане целосно електрична марка во 2028 година, затоа што Фронтера, Мока и новиот Грандленд се нудат во изведби во целосно електричен погон.
Opel за прв пат го воведе името Frontera во периодот од 1991 до 1998 година за SUV модел кој беше базиран на Isuzu Wizard. Подоцна, беше лансирана втората генерација на моделот, која остана во производство до 2004 година.