Ниската економска моќ на населението директно влијаат кон перцепцијата дека осигурувањето е трошок, а не инвестиција! – Што е осигурувањето?

Ниската економска моќ на населението и навиките на осигурување, т.е. перцепцијата дека осигурувањето е трошок, а не инвестиција, директно придонесуваат кон помала густина на осигурување во однос на регионот, но доколу се сфати потенцијалот на самиот ризик, неминовна е потребата од заштита.

Еден од најчестите митови што го слушаме е оној што тврди дека нашите го мисли одредуваат нашиот живот. Кога размислуваме за сопствените цели и кога креираме „сценарија“, треба да разгледаме алтернативи. Независно од нашите планови, постои ризик од неуспех. Токму затоа е важно да не се фокусираме исклучиво на позитивното, но… Секогаш има едно ама.

Што кога тој ист ризик навистина ќе се случи?

Ова прашање треба да коегзистира од самот почеток, кога креираме бизнис планови или цели за лични успеси. Нашата реакција на неочекуваните ситуации зависи од нашиот фокус. Дали се фокусираме на позитивното и сме свесни за ризиците или пак се рамнодушни?

„Она што слушаме, тоа и го креираме!” – „Усвојте го принципот на заштитата на вашата иднина“, велат експертите. Способноста да го слушаме и разбереме само она што нишиот разум може да процесира е критична. За креирање на успешна иднина, треба да се фокусираме на можностите и ризиците, како и на сигурносните аспекти. Еден од начините за да се заштитите од немил настан кој може да го загрози нашиот живот, е осигурувањето кое во контекстот, круцијално е да се разбере како инвестиција што ги штити целите и буџетот.

Научете да слушате она што е потребно, а не само она што сакате да чуете.