Mazda со енормно зголемена продажба

Mazda

Mazda Motor Corporation ја зголемува продажбата од 12% од година во година. Имено брендот ги објави своите финансиски и продажни резултати за целата година. Извести за глобална продажба од 1.241.000 возила за дванаесетте месеци заклучно со 31 март 2024 година.

Продажните резултати на Mazda испорачаа нето-продажби од 4.827,7 милијарди ¥ (30,7 милијарди евра). Тоа зборува за зголемувањето од 26% на годишно ниво, што резултира со позитивни операции во текот на годината и профит од 250,5 милијарди ¥ (1,59 милијарди евра) и нето приход од 207,7 милијарди ¥ (1,3 милијарди евра), што е зголемување од 76% и 45%, соодветно.

514.000 единици во фискалната година (+26% од година во година) се продаваат само во Америка. Истото зборува за фактот дека токму Америка е најголемиот регион на Mazda. Сето тоа, меѓу другото е поттикнато локалното лансирање на Mazda CX-70 и CX-90 и континуираниот успех на Mazda CX-50.

Јапонија е домашниот пазар за на брендот. А таму се продадени 60.000 единици во целата фискална година (-3% во споредба со претходната година). Кина пак, најголемиот пазар на Mazda во Азија, ја затвори фискалната година со продажба од 97.000 единици. (+15% на годишно ниво).

Забележао е зголемување на продажбата на автомобиот и во Европа. Тоа е за 13% на 180.000 единици, а растот ќе продолжи со неодамна лансираната нова Mazda2 Hybrid и целосно новата Mazda CX-80 кои пристигнуваат подоцна во годината. Имаше позитивни резултати на двата најголеми европски пазари каде Германија продаде 46.000 единици (+23% на годишно ниво), а Велика Британија достигна 29.000 единици (+8%).

Прогнозата на Mazda е позитивна за сите региони, за фискалната година што завршува во март 2025 година. Тука е вклучена и Европа,каде што Mazda предвидува продажба од 183.000 единици (+2% на годишно ниво). Глобалната продажба се предвидува да достигне 1.400.000 единици.

Во следните месеци, Mazda ќе продолжи со преземање иницијативи за развој на идната технологија за електрификација, набавка на батерии и намалување на емисиите на CO2. Ова ќе го постигне преку користење на повеќекратна електрификациска технологија, зголемување на бројот на PHEV и благи хибридни апликации во големите производи, како што е предвидено во нивната политика за управување до 2030 година.