Видео – Што се случува кога најголемото и најмалото Volvo ќе се судрат!

Volvo

Што се случува кога најголемото и најмалото Volvo ќе се судрат? Големите брендови, кога ги претставуваат своите автомобили, не претендираат само кон фин изглед. Кон иновативни перформанси и новитети кај своите автомобили, туку и се грижат околу тоа колку се тие навистина безбедни. На темата, наидовме на едно видео каде се тестираат автомобилите во однос на погоренаведеното.

Имено, со зголемената популарност на електричните возила, нивната маса рапидно се зголемува. Toa има одредени последици за пасивната и активната безбедност на учесниците во сообраќајот.

Главниот уредник на Automotive News Europe, Даг Болдук, имаше можност да го посети Центарот за безбедност на Volvo во Торланд, Шведска. Таму, присуствуваше на еден интересен тест за судар.

Според Index.hr, моделите EX30 и EX90, кои се најмалите и најголемите електрични возила на Volvo, биле дел од симулација на сообраќајна несреќа.

Во симулацијата, поголемиот автомобил удрил странично во помалиот, што претставува особено неповолен вид на судир. При ударот, EX90 се движел со брзина од 50 km/h, додека EX30 се движел со 20 km/h.

За да дознаете што се случува кога два автомобили со вкупна маса од речиси пет тони учествуваат во несреќа, погледнете го видеото подолу.