Повеќе од 25 награди во 2024 година за новиот Dacia Duster

dacia-duster-nagradi-2024

Европа беше сведок на успесите на на новата Dacia Duster минатата година. Имено третата генерација на Duster во изминатата 2024 година, освои повеќе од 25 награди низ Европа.

Duster влезе во последната трка за „Автомобил на годината 2025“ во Европа. Комсиијата за оваа престижна награда е специјализирано жири составено од автомобилски новинари. Renault 5 E-Tech, на крај сепак ја освои титулата. Романскиот SUV пак, заврши на петтото место, пред моделите како Alfa Romeo Junior и Cupra Terramar.

dacia-duster-nagradi-2024

Сепак иако не се закити со оваа титула, за Dacia нема грижи. Како што известува Klix.ba,актуелниот Duster минатата година освои повеќе од 25 други награди. Нејзините бројни успеси беа во земји како Германија, Велика Британија, Франција, Романија, Полска, Шпанија, Австрија, Италија, Литванија, Естонија и Ирска.

Исто така, Dacia Duster 3 ја освои европската награда „Best buy car of Europe“, доделена од жирито AutoBest. Со ова, се прогаласи за најдобар автомобил во однос на високите перформанси, на дизајнот..Како и на иновативноста и секако пристапната цена.

Меѓу другото, успех и се случи и во Франција, каде ги освои наградите „Нов производ на годината“ и „SUV на годината“.

Италијанците пак му ја доделија наградата „Auto Europa 2025“, шпанскиот – „Автомобил на годината“ и „Најдобар теренец“, а германските изданија му доделија награди како што се „Шампион на вредност“, „Најдобри семејни автомобили“, „Награда Алрад“ и „Награди Carwow Car of the Year Awards 2025“.

Понатаму, во Романија, Дастер беше прогласен за „Најдобар теренец 4×4“ и „Автомобил на годината 2025“. Ккао автомобил на годината, беше прогласен во Ирска, Полска, Естонија многу други земји.