На панелот на Светскиот економски форум во Давос, Пан Џијан – копретседател на CATL, најголемиот светски производител на батерии изјави дека вокинезите се повеќе го користат терминот EIV. Тоа би значело електрично интелигентно возило, наместо веќе традиционалниот термин EV (електрично возило). Со овие интелигентни возила, на потрошувачите им се нудат низа нови функции, високотехнолошки додатоци.
Имено Xiaomi во март минатата година, го лансираше својот седан SU7. Истиот започна со 30.000 евра. седан SU7 има напредни функции кои вклучуваат автономно возење и препознавање глас. Тоа им овозможува на возачите да ги контролираат домашните апарати од нивниот автомобил, што е неверојатна предност. Понатаму, како прво возило „дефинирано со вештачка интелигенција“ во светот, се појави електричен автомобил P7+. НМеговата цена е околу 26.000 евра и припаѓа на стартапот за електрични возила Xpeng .
„Полесно е да се вградат овие интелигентни функции во електрични возила отколку во традиционални возила со мотори со внатрешно согорување поради чиповите“. Рече Зое Жанг, аналитичарка во енергетската консултантска компанија Rho Motion. Жанг додаде дека токму тоа е причината што овие гиганти се свртија кон електрични возила.

Во јануари, кинескиот BYD извести дека се подготвува да вложи 14 милијарди долари за вештачка интелигенција и технологија за автономно возење за своите возила.
Поради појавувањето на терминот „EIV“ кој стана широко распространет и вообичаен во Кина, борбата за останување на врвот на пазарот кај производителите на автомобили, стана уште поголема. Технологијата рапидно се развива и веројатно сведочиме на нова ера во филмската индустрија.