АВТО НОВОСТИ И ЗАНИМЛИВОСТИ

Тојота ја зголеми својата инвестиција во електрични авио такси

Тојота ја зголеми својата инвестиција во електрични авио такси

„Тојота“ инвестира уште 500 милиони долари во компанијата „Џоби Авиејшн“ во партнерство со цел да започне комерцијален бизнис на американската компанија за авио - такси. Инвестицијата на „Тојота“ ќе биде искористена за поддршка на сертификација и производство на авион сличен на хеликоптер за такси услуги... Oбјавија двете компании, пренесе агенцијата АП. Вкупната инвестиција на „Тојота“ изнесува 894 милиони долари. Што значи дека „Тојота“ ќе поседува 22 отсто од акциите на компанијата во која инвестира, наведува Бета. „Инвестицијата се надоврзува на речиси седумгодишна соработка меѓу двете компании“ рече Џо Бен Бевирт, основач и извршен директор на Joby Aviation. „Знаењето и поддршката…
Read More
Пикапот Cybertruck на Tesla повторно повлечен!

Пикапот Cybertruck на Tesla повторно повлечен!

Поради проблеми со камерата што го прикажува просторот зад возилото, Tesla повторно повлекува повеќе од 27.000 Cybertruck камиони. Повторно проблеми со Tesla. После петти пат откако беа пуштени во продажба, возилата Tesla повторно ги повлекуваат од пазарот. Овој пат проблемот лежи во задната камера која доцни со прикажување на сликата на контролната табла зад камерата. Секако тоа го зголемува ризикот од сообраќајни незгоди и судири, но се чини дека Tesla е упорна. Компанијата издаде ажурирање на бесплатен софтвер за да го реши проблемот. Писмата за известување до сопствениците се очекува да бидат испратени на 25 ноември. Што се однесува до…
Read More
Ferrari 12Cylindri во размер 1:8 – Луксузен модел само за оние со „подлабок“ џеб

Ferrari 12Cylindri во размер 1:8 – Луксузен модел само за оние со „подлабок“ џеб

И покрај цената од околу половина милион евра, Ferrari 12Cilindri беше распродаден со месеци однапред. Копијата е сеуште достапна на пазарот. Бојата на „убавицата“ е црвена, веројатно токму како што му прилега на Ferrari 12Cilindri. Изработката е целосно рачна, ќе бидат произведени само 199 примероци. Секако ова е затоа што го нуди колекцијата Амалгам. „Се работи за модел на автомобил, а е во размер 1:8. Од Amalgam велат дека на развојот на овој модел потрошиле над 3.000 работни часови, а во развојот им помогнал и самиот Ferrari. Сега, тие трошат околу 300 работни часа за да го состават секој примерок“,…
Read More
Необичен метод од страна на полицаец во Сан Франциско – Маскиран го спроведувал редот во сообраќајот

Необичен метод од страна на полицаец во Сан Франциско – Маскиран го спроведувал редот во сообраќајот

Полицаец во смешен костум за рекламирање пилешко, го спроведувал редот во сообраќајот во Сан Франциско Целта била полицаецот да ги предупреди возачите за опасноста да налетаат на пешаци на пешачки премин. Во тоа им помогнал полицаец облечен како кокошка. „Старата и истрошена американска шега за тоа зошто кокошката неодамна го поминала патот може да има поинаков крај. „Да се ​​казнат невнимателните возачи“. Многу необичен потег направила полицијата на Сан Франциско со цел дополнително да го привлече вниманието на возачите на пешачките премини.“ - пренесуваат медиуми. Тој бил испратен на опасна раскрсница и му било наложено да го помине патот преку…
Read More
Mercedes-AMG со мистериозен план: Планира електричен суперавтомобил

Mercedes-AMG со мистериозен план: Планира електричен суперавтомобил

Британски Autocar, пишува дека Mercedes-AMG работи на електричен суперавтомобил кој ќе биде лансиран подоцна оваа деценија. Autocar не наведува извор, па неизвесно е околу фактите. Сепак, според него суперавтомобилот ќе биде инспириран од концептот од минатата година Vision One-Eleven Имено, YASA е компанија специјализирана за електрични мотори со високи перформанси, а се вели дека Mercedes ќе ги купи во 2021 година. Планот на Мeрцедес е да ги произведува тие мотори во Берлин. Првата апликација ќе биде лансиран во следните 12 месеци. Ќе станува збор за елегантна лифтбек со четири врати базиран на новата платформа AMG.EA EV на AMG. Концептот, исто…
Read More
50-ти роденден на Серијата Volvo 200

50-ти роденден на Серијата Volvo 200

Во есента 1974 година беше претставен првиот Volvo од серијата 200. До ден -денес ова е синоним за квалитет и безбедност, доверливост и издржливост. Во 1960-тите, на сцената во автомобилската индустрија беа моделите од серијата Volvo 100. Сепак доаѓаа нови трендови и инженерите и дизајнерите шведската автомобилска компанија веќе ја подготвуваа серијата Volvo 200. Сепак не сакаа да прават многу отстапки од концептот на претходната серија, но нивниот стремеж би да одат што подалеку во контекст на безбедноста на патниците. Меѓу останатото пристигнаа и безбедносни појаси за три точки, како и подобрени програмирани зони за деформација на каросеријата. Јан Вилсгард,…
Read More
ВИДЕО: Последниот тизер за Skoda Elroq 2024

ВИДЕО: Последниот тизер за Skoda Elroq 2024

Денес се очекува да се промовира најновата Skoda Elroq 2024. На интернет излезе и последниот тизер. Истиот наговестува малку детали. Но, тие сепак не би биле доволни за да се заклучи дека овој модел Skoda започнува со примена на новиот дизајнерски јазик наречен Modern Solid. Инаку она што е познато е дека Elroq е компактен електричен SUV. Наменет е за секојдневни активности во урбани простори и авантуристички возења преку викенд. Во проодлжение погледнете го видеото. https://www.youtube.com/watch?v=R3_La18Iht4
Read More
Италијанскиот специјалист ја обновува гамата: Porter NP6 го зголемува товарниот капацитет

Италијанскиот специјалист ја обновува гамата: Porter NP6 го зголемува товарниот капацитет

По само три години, Италијанскиот специјалист за градски наменски возила, одлучи да ја обнови гамата на Porter NP6 Porter NP6 е развиен и дизајниран со идеја да го максимизира капацитетот на товарот. Нуди компактност, маневрирање што озвозможува лесна прилагодливост во услови на сообраќаен метеж или пренатрупаност. Porter NP6 се покажа дека е идеален партнер на илјадници професионални работници и ги исполнува нивните желби. Сега, Хановер претстави целосно нова гама. Новата техничка опрема, нови внатрешни фитинзи. Безбедносните системи се далеку подобрени и како што е имплементирањето на сеопфатна палета на електронски системи за контрола на возилото, сеопфатната серија на функции ADAS…
Read More
ВИДЕО: Највисок банџи скок на Nissan Qashqai – Соборен гинисов рекорд

ВИДЕО: Највисок банџи скок на Nissan Qashqai – Соборен гинисов рекорд

Соборен е гинисовиот рекорд за банџи скок од страна на Nissan Qashqai. Автомобилот по „скокна“ од височина од 65 метри. Видеото е снимено во Франција, во Путо. Nissan Qashqai бил исфрлен со кран, а во врска со безбедноста, автомобилот бил затворен во посебен кафез. Она што е интересно, е што професионален тркач и каскадер Лоран Ласко, за време на банџи скокот бил на возачкото седиште. „Претставници на Гинис беа присутни за да се погрижат се да биде како што треба. За да се препознае рекордот, автомобилот и банџи кабелот мораа да останат недопрени. „Скокот“ помина без проблеми, па Qashqai e-Power…
Read More
АВТОМОБИЛСКАТА ИНДУСТРИЈА ВО ЕВРОПА ПРЕД КОЛАПС

АВТОМОБИЛСКАТА ИНДУСТРИЈА ВО ЕВРОПА ПРЕД КОЛАПС

Продажбата на автомобили во Европа е на загрижувачко ниво. Индустрија та бара да се преиспита забраната за продажба на автомобили со внатрешно согорување до 2035 година. „Германија и Италија се приклучија на повикот на европската автомобилска индустрија до Европската унија да ги олесни целите за CO2 за автомобилите и да ја разгледа забраната за продажба на автомобили со мотори со внатрешно согорување од 2035 година.“ - пренесува plusinfo.mk Имено, Адолфо Урсо, италијанскиот министер за индустрија вели дека земјата заедно со Германија ги поддржуваат другите земји во барањето за олеснување на стандардите за емисија на CO2 за автомобилите. Порталот Еуроњуз пренесува…
Read More