Модернизиран BMW XM од Alcantara: Италијанска Уметност на Тркала

Alcantara

Со интригантен наслов наречен „Sky is the Limit“, BMW XM е исклучително модифициран од страна на компанијата Alcantara.

Станува збор за необичен изглед на екстериерот на BMW XM, каде црната Alcantara го обложи автомобилот. Имено, се создаде матен ефект кој е во контраст со сјајните црни апликации. Секако модифицираниот модел беше прикажан во модната метропола во Милано.

Alcantara

„Во внатрешноста визуелно се одвоени двете области „Cockpit“ и „M-Lounge“. Првиот простор е покриен со црна алкантра, вклучувајќи ги и седиштата. Ова има за цел да ја нагласи динамиката. Спортскиот изглед на брендот.“ пренесува autoblog.rs

За уште повеќе да се нагласи луксузот и ентериерот да се разбере како ексклузивен амбиент, задните седишта се во ледена бела Alcantara.

Преграда за шишиња и две чаши се наоѓаат на потпирачот за раце на задното седиште, а во автомобилот има и дополнителни алкантра перничиња кои се исти како и облогите на вратите и капакот.

Облогите на вратите, контролната табла, централната конзола и седиштата имаат нова, ексклузивна завршница со ласерски перфориран модел на сина позадина. Акцентите во боите на италијанското знаме, кои продолжуваат во дезенот, го истакнуваат дизајнот „Made in Italy“.