Комплетно визуелно задоволство, возбуда и страст. Претставена е убавицата на Maserati! Вози на струја и не постои некој кој не би се вљубил…Или можеби е до рекламата?
Maserati е доказ дека емоциите можат да бидат жестоки и возбудата во комплетност да расте и за време на возењето на електрични возила. Несомнено е дека и најголемите вљубеници на спортски автомобили, ќе „паднат“ на убавицата на струја. Некогаш V8 мотор, а денес подеднакво импресивен V6 Nettuno.
Прекрасниот кабриолет доби електричен погон, а тоа значи дека GranCabrio ја доби верзијата Folgore. Имено, истиот се состои од конфигурација со три електромотори (3×300 kW) и максимална моќност од 830 КС и 1350 Nm. До 100 km/h стигнува за 2,8 секунди, а максималната е 290 km/h.
Со 12,3-инчен инфозабавен екран и дополнителен 8,8-инчен екран е надграден Дигиталниот кокпит со 12,2-инчен екран. Опремата е првокласна, а Аудио системот е потпишан од Sonus
Како ексклузивитет и иновација е тоа што кабриолетот на брзина до 50 km/h, нуди можност за отварање на покривот за 14 секунди.
Во продолжение погледнете го видеото и рекламата каде главниот лик е светски познатиот Дамиано Давид кој сигурно го немате видено во вакво светло. А дали го претстави моделот во вистинско светло и ја исполни визијата на режисерското око на компанијата, оставаме на вашите заклучоци. Макар што, не се сомневаме дека моделот ќе ве освои и ќе се вљубите на прв поглед.