Оптимистички очекувања за Lamborghini – Компанијата со нов финансиски рекорд

Оптимистички очекувања за Lamborghini – Компанијата со нов финансиски рекорд

Во свет кога автомобилската индустрија постојано се бори за опстанок и одредени мали компании се борат со конкурентните гиганти, суперавтомобилите како Lamborghini се продаваат како алва.

Така, со уште посилна амбиција и заслужен успех, Lamborghini се пофали дека целокупното производство на Urus, е распродадено до 2026 година.

И покрај фактот што овој ултимативен кросовер е стар седум години и цените му стартуваат од 250 илјади евра, ентузијастите (клиентите) не се откажуваат од брендот.

Наследникот на овој модел, ќе биде електричен е планиран за крајот на деценијава. „Слична е судбината и новиот Revuelto, чии испораки како наследник на Aventador започнуваат во овие моменти.“ – пренесува avtomagazin.

Lamborghini

…И кога сме кај ентузијастите, листата на чекање за овој плаг-ин V12 хибрид надминува две години. Така што, за да го добијат, клиентите ќе мора да почекаат до 2027 година.

Huracan Temerario пак исто така е во листата на успешни суперавтомобили чие производство ќе стартува идната година. И за него се предвидува голем успех кој веќе трасира оптимистичка патека што ја чекори. Huracan Temerario наишол на доста позитивен одговор на јавноста.

Годинава се очекува нов рекорд на продадени автомобили на Lamborghini. Па во споредба со минатата година каде се имаа продадено 1 0.112 автомобили, очекувањата за оваа година се дека брендот ќе постигне нов рекорд. Во изминатиот период пласманот на возила е зголемен за 8,6 отсто, приходите за 20,1 а профитот за 9,8 отсто. Со други зборови, за компанијата остануваат 80 илјади, со оглед на фактот што просечната цена која изнесува 290 илјади.