Мотор со внатрешно согурување е имплементирано од Ferrari. Очигледна е амбициозната намера на Ferrari да стане единствен и уникатен бренд – пример за тоа како се станува лидер во еколошките стандарди. Имено, што се однесува до моторите со согорување на водород, тие едноставно согоруваат водород наместо бензин во процес кој не испушта јаглерод диоксид. Токму тука е предноста за постигнување на пиедесталната позиција кога е во прашање еколошката свест.
Имено и BMW ја имаше претставено серијата 7 на водород, така да и ова не е некое светско или непознато чудо. Но, ова е прв пат, брендот да изрази желба за постигнување на оваа цел, односно ова е прва инцијатива а Ferrari да го покаже и нагласи својот интерес околу истата технологија. Ferrairi на оваа „цел“ што вклучува согорување на водород, гледа начин кој драстично би ги намалил емисиите на штетни гасови во атмосферата.
Во врска со овој стремеж Ferrari во патентната пријава до Канцеларијата за патенти и трговски марки на САД, нагласи: Водородниот мотор нема да генерира стакленички гасови и минимални количини на други загадувачи како јаглерод моноксид
Сепак, и Porshe се пофали со слична иницијатива и веројатно ова е екстра популарна борба на пазарот. Дали навистина гигантите во автомобилската индустрија се грижат околу овие прашања поврзани со климатските промени, останува да видиме, но во секој случај клиентите ракоплескаат на ова, а марките добиваат поени.