Биткоинот надминува 56.000 долари – Враќање на максимумот на криптовалутите

биткоин

Биткоинот надминува 56.000 долари – Враќање на максимумот на криптовалутите

За 32 проценти е зголемена цената на биткоинтот. Пресметките се направени од почетокот на годината до сега. Ова од своја страна предизвика пораст на цените сите други останати криптовалути. Од друга страна пак, Ripple, Ether и Solana (помалите монети), исто трака добија вредност од 4,3%, 6,4% и 2,8%.

Денес биткоинтот е најтргувана криптовалута и се продава по цена од 56.039 долари, а пред извесно време, првпат по 2021 година, достигна врв од 57.039 долари.

Блумберг во својот текст пишува и нагласува: „ Нето 6,1 милијарда долари се влеаја во неколку ETF за биткоин кои започнаа со тргување во САД на 11 јануари, сигнализирајќи ја зголемената побарувачка за биткоин во овој нов трговски канал. “

Оптимистичкиот пристап и расположение се зголемува поради планираното намалување на понудата на биткоин.

Имено, компанија за бизнис софтвер Micro Strategy, купува биткоин на големо како дел од својата корпоративна стратегија. Пред некое време, беше објавено дека купила уште околу 3.000 токени овој месец, и поседува околу 10 милијарди долари во биткоини.