Лутин Ѕвоното и неговото значење во светот на осигурувањето

Лутин Ѕвоното

Историјата на Лутин Ѕвоното и колку овој предмет е значаен во светот на осигурувањето

Можеби секој од светот на деовниот свет го знаат ѕвоното Лутин. Но, дали знеме што се крие зад оваа приказна? Овој пат зборуваме за областа „осигурување“.

Лутиновото ѕвоно или т.н. ѕвоно Лутин, зазема посебно место кога се зборува за историјата на осигурувањето. Ова е значаен предмет поврзан со историјата на еден од најголемите осигурителни пазари – Лојд во Лондон.

Почетокот на приказната за Лутиновото ѕвоно, бил на францускиот поморски брод, наречен Ла Лутин. Токму таму се наоѓал овој предмет, кој понатаму ќе стане значаен во историјата.

Бродот бил заробен од Британците во Тулон во 1793 година и потоа преименуван на HMS Lutine. Тој служел како борбен брод под британското знаме шест години, пред да стане транспортен брод кој завршува во Германија во 1799 година.

Кога станува збор за историјата на осигурувањето, настанува огромен финансиски удар за Лојд. На 9ти Октомври, HMS Lutine пренесувал огромен товар – огромна сума на злато, осигурена од Лојд. Бродот патувал за Хамбург, но не стигнал до дестинацијата. Во бура бродот бил разнесен на холандските брегови, а од 240 членови на екипажот, само еден преживеал. Целиот товар на злато бил изгубен, што било голем финансиски удар за Лојд, но од друга страна ја засилил репутацијата на компанијата, затоа што бил вратен целиот надомест.

Лутин Ѕвоното

После спасувањето на деловите од бродот, Ѕвоното Лутин го најде својот нов дом во просториите на Лојд во кралската берза. Од тогаш, тој е поврзан со оваа приказна и се сместува тука како значаен дел. Во зградата на Лојд, каде што се наоѓа денес, ѕвоното потсеќа на судбината на бродовите, вклучувајќи го HMS Лутин.

Со текот на времето, Ѕвонот го изгубило своето значење поради напредокот на технологијата, но сè уште има симболична улога во компанијата.