Добавувачот на автоделови ZF планира да укине илјадници работни места во наредните години. Имено, станува збор за план за отпуштање на работници во Германија до 2028 година. Веројатно од 11.000 до 14.000 луѓе ќе ги изгубат работните места. Моментално се прецизира колку ќе бидат отпуштени и каде.
„Мислиме дека немаме друго решение“, изјавил еден од портпаролите на компанијата, а пренесува агенцијата Дпа.
Секако, главниот работнички совет на ЗФ најави отпор и шефот на работничкиот совет Ахим Дитрих контрареплицира: ,,Ќе се бориме за секое работно место“.
Многу работни места ќе бидат прекинати без взаемно раскинување на договорот за вработување, односно со отказ.
„Намалувањето треба да биде општествено прифатливо до степен до кој ЗФ ја користи демографската структура на вработените и прометот (на работниците)“, соопштуваат од компанијата.
Планот на компанијата ZF е да спои поединечни фабрики во единици со помалку вработени. Во моментов, ZF вработува 54.000 луѓе низ цела Германија.
Дитрих изјави загриженост околу ова прашање бидејќи е потребна целосна посветеност за снабдување на клиентите, надминување на рецесијата и трансформација. Меѓутоа, како што е потврдено компанијата и светски популарното име, веќе е во финансиска криза и долгови, па си постави страгеија и строга програма за штедење оваа пролет.
169.000 луѓе низ светот работат за ZF – на повеќе од 160 производствени локации во 31 земја. Минатата година компанијата оствари промет од 46,6 милијарди евра.