Xiaomi, кинескиот гигант во технологијата, се претстави со својот седан SU7, електрично возило во кое клиентите изгледа дека е вљубија на прв поглед.
Настана проблем поради поголемиот интерес, па од компанијата предупредуваат дека потенцијалните купувачи можеби ќе треба да почекаат од четири до седум месеци пред да ги добијат своите автомобили.
Светски познатиот производителот на паметни уреди и друга електроника, прими 88,898 порачки за својот нов електричен автомобил во првите 24 часа од објавата. Испораките за стандардниот модел SU7 на Xiaomi можат да траат помеѓу 18 и 21 недела, според статусот на апликацијата за нарачки. Имено цената на автомобилот е 29.870 долари, а најскапиот модел е 41,5 илјади долари и ситиот веројатно после нарачката ќе се чека 27 и 30 недели.
Имено автомобилот е претставен и лансиран во услови на жестока ценовна војна на светскиот пазар на автомобили. Повеќе од 40 марки се натпреваруваа да го уловат вниманието на потрошувачите. SU7 е вистинска убавица чиј дизајн потсетува на моделите на спортски автомобили на Panamera и Porsche Taycan.
Што се однесува до гигантот, Xiaomi е финансиски стабилна компанија, откриваат аналитичарите, истакнувајќи дека има подлабок џеб од било кои стартап компании за електрични возила. Кинеските потрошувачи се фокусираат кон фактот дека Xiaomi е докажана марка, па според неговата експертиза во бизнисот со паметни телефони му дава предност во развојот на системи за електронски надзор.
Фотографии – print screen / you tube