Во есента 1974 година беше претставен првиот Volvo од серијата 200. До ден -денес ова е синоним за квалитет и безбедност, доверливост и издржливост.
Во 1960-тите, на сцената во автомобилската индустрија беа моделите од серијата Volvo 100. Сепак доаѓаа нови трендови и инженерите и дизајнерите шведската автомобилска компанија веќе ја подготвуваа серијата Volvo 200. Сепак не сакаа да прават многу отстапки од концептот на претходната серија, но нивниот стремеж би да одат што подалеку во контекст на безбедноста на патниците. Меѓу останатото пристигнаа и безбедносни појаси за три точки, како и подобрени програмирани зони за деформација на каросеријата.
Јан Вилсгард, кој ја „потпиша“ серијата 100, беше името кое стоеше и зад дизајнот на новата серија 200. Клиентите од европските земји бе задоволни, а моделот понатаму се продаваше на повеќе од 2,86 милиони клиенти.
„Моделите што се кријат зад ознаките 242, 244 и 245 се напојуваа со сигурни четирицилиндрични бензински мотори со работен волумен од 1,8 до 2,3 литри, а бројот на цилиндри беше откриен со вториот број во трицифрената ознака. Наскоро пристигнаа турбополначи со некои мотори. Третиот број се однесуваше на обликот на телото, така што моделот 242 беше седан со две врати, 244 седан со четири врати, а 245 караван со пет врати. Од 1983 година, сите верзии ја носеа ознаката 240.“ пишува autoblog.rs.
Последниот вагон од серијата 200, беше во темносина боја беше изграден на 14 мај 1993 година. Истиот заврши во Музејот на шведската компанија.