Тест за издржливост: Некој фрли Фолксваген Тигуан и Пежо 3008 по рид
Колку се безбедни денешните автомобили? Во лабораториски услови тој е контролиран од Euro NCAP со неговите тестови за несреќа. Но, што е со ненаучните методи?
Некој „се сетил“ или веројатно дошол до необична идеја да фрли два автомобили по рид за да ја тестира нивната издржливост. Станува збор Пежо 3008 и Фолксваген Тигуан. Ова не се најнови модели, туку се претходни генерации, кои исто така беа конструирани според највисоките стандарди, наведува HAK Review.
Нема многу податоци, не знаеме точно каде се одржал овој тест, но на прв поглед може да се каже дека по шест-седум и пол кривини двата автомобили поминаа одлично. Извори велат дека тестот го спровел CS Automotive Group, лоцирана во Малезија.
Претпоставката од страна на медиумот за нашиот извор е дека ова се случило некаде во Малезија… Погледнете во видеото како тоа изгедало: