Работи кои не смеете да ги оставите во автомобилот при екстремно високи температури

Поради екстремно високите температури, експертите предупредуваат дека треба да се биде внимателен и кога станува збор за автомобилите и за предметите кои ги носите внатре. Некои можат да бидат опасни по здравје, а други можат да идат целосно уништени поради тие екстремно високи температури особено ако се изложени на сонце.

Еве кои нешта треба да ги избегнувате.

Шишиња со вода

Особено е важно пластичните шишиња да се заменат со метални или стаклени. Затоа што изложеноста на сонце, би предизвикала ослободување на токсични хемикалии во пијалокот.

температури

Крем за сончање

Поради жешкото време и високите температури, дури и кремот за сончање може да ја изгуби својата функција. Да стане бескорисен и изложен на опасни УВ зраци. Директната изложеност на сонце, значи дека кремот може да изгуби основни состојки .

Лекови

На топлина, некои лекови ги губат своите својства или со други зборови се распаѓаат и не би го постигнале ефектот за кој се наменети. Особено внимавајте при нивното пакување и имајте на ум дека ако тие се изложени под сончева светлина, температурите можат да предизвикаат, лековите дури да станат и штетни.

Очилата за сонце

Секогаш асоцијацијата на лето и жешко време, алудира и на очила за сонце, како неизбежен детал. Но, никако не го оставајте овој аксесоар во вашиот автомобил, затоа што може да се скршат или искриват.

Газирани пијалоци во лименки

Секако дека ни треба освежување при високи температури и жешко време. Но, особено е важно да се внимава со газираните пијалоци. Истите можат да експлодираат и да направат хаос во ентериерниот простор на возилото.

Мобилен телефон

Батеријата е онаа која трпи последици од жешкото време. Може да прегрее, па затоа не го оставајте паметниот телефон во вашиот автомобил и не го изложувајте директно на сончева светлина, пишува The Sun, а пренесува 24sata.