Санџај Полара, фармер од Индија, му приредил вистински погреб на својот автомобил Suzuki Wagon R. Автомобилот верно му служел на неговото семејство, а Санџај тврди дека токму тој е заслужен за благосостојбата во нивниот живот. Поради сето ова индиецот, сметал дека треба да направи специјална церемонија во негова чест.
„За мене ова не е само автомобил. Го возев 12 години и за тоа време придонесе за успехот и благосостојбата на моето семејство. Покрај деловниот напредок, благодарение на него ја стекнавме и почитта од заедницата “, рече Полара за време на церемонијата.
На церемонијата биле присутни 1500 гости, а автомобилот бил испратен со посебни свечености, со рози, со венци. „Suzuki Wagon R“ беше испратен на „подобро место“ и погребан на семејниот имот. Оваа необична церемонија чинела околу 4.000 евра, пренесува The Sun.