Познатите автомобили кои го одбележаа нашето време, сега се олдтајмери, а можеби е време и ние да се запрашаме дали сме во таа категорија? Шега на страна, на интернет, наидовме на интересна информација за добро познатите брендови кои го одбележа детството на постарите генерации „Сто-кец“ и „Илјада и триста“. Веројатно љубовта кон овие автомобили, беше толку голема што за еден креативен уметник (аниматор) од Зрењанин – Србија, тие станаа инспирација.
Така „Сто-кец“ и „Илјада и триста“ се најдоа на големо филмско платно како главни ликови во цртан филм.
Имено приказната ги следи главните ликови кои преку интересни случки во измислен град ги објаснуваат правилата во сообраќајот. Во споредните ликови, се препознаваат и останати познати марки што навистина го прави овој цртан уникатен.
„Стојадин е наш производ. Генерално, тој е наш болид и е најзастапен. Zastava 1300 ( „Тристаќ“) е исто така е роден многу порано и затоа Триле има повисок ранг, затоа што е постар. Но тие двајца се главниот тим таму и имаат помошник Југ (Yugo) и Фиќкo ( Zastava 750) која е детектив, тоа е женски лик“, објаснува Дарко Марчета, авторот на цртаниот филм за RTS.
„Мислам дека поради тоа што ги има сè помалку, нивната популарност расте. Љубовта кон 101 е затоа што тоа беше првиот автомобил што го поседував и го возев“, вели Марко Станојевиќ, од Крагуевац.
„Моја патрола“ e насловот на цртаниот филм, а досега се објавени две епизоди.
„Идејата за локални ликови, автомобилите на Застава е секако идеја која ќе се примени на нашиот српски пазар. Можеби пазарот на стара Југославија. Но, ако го видиме потенцијалот и ако публиката ја прифати оваа анимирана серија како соодветна за едукација, секогаш можеме да ги вметнеме Ламборџини и Ферари во приказната“, нагласува Мирко Максимовиќ, соработник во цртаниот филм.