Search Results for: ферари

Сопственик на Ферари лажел дека неговото возило е електрично и паркирал бесплатно

Сопственик на Ферари Ф430 лажел дека неговото возило е електрично и паркирал бесплатно Проблемот со наоѓањето паркинг е сè поизразен во светските метрополи. Многу возачи се соочуваат со потешкотии во барање на паркинг место. Така, често измислуваат „креативни“ начини за да избегнат да платат за паркинг. Еден таков возач дошол до необична идеја. Како што пренесува autoblog.rs, се работи за сопственик на автомобил со мотор со внатрешно согорување. Тој го окупирал паркинг местото предвидено за полнење на електрични возила. Овој иновативен „маневр“ се случил во Атина, Грција, каде што сопственикот на Ферари Ф430 решил да поврзе кабел за полнење на задното тркало, со што се создава впечаток дека автомобилот е електричен и се полни. Оваа ситуација е особено апсурдна, бидејќи возачот на Ферари Ф430 не го сторил тоа поради недостаток…
Read More

Го паркирал своето Ферари F40 и го заборавил цела деценија

Како може да заборавиш Ферари? Епа токму вака. Бизнисмен и тенисер од Романија, го паркирал своето Ферари F40 и заборавил на него цела деценија. Џон Тиријак е познато име во светот на тенисот. Но, веројатно е повеќе познат по неговите менаџерски способности и грижата околу кариерата на врвните тенисери... Kако Горан Иванишевиќ или Борис Бекер. Имено Тиријак е еден од најмоќните бизнисмени во светот со големо богатство. Џон, меѓу другото во својата гаража има дури 400 вредни автомобили. Како што пренесува Ривју ХАК, меѓу неговата колекција на скапи автомобили имал и Ферари Ф40. Тоа е легендарен модел на италијанската марка кој чинел дури 700.000 долари. Но, со оглед на обврските околу кариерата и постојаниот работен ангажман, Тиријак не бил баш фокусиран околу неговите вредни работи и приватниот план. Така, во…
Read More

Новиот V12 мотор на Ферари нема да добие помош од турбо полначи

Новиот V12 мотор на Ферари нема да добие помош од турбо полначи. Шефот за развој на производи на компанијата Ферари, Џанмарија Фулгенци, рече дека додавањето турбо „не им паѓа на ум“. Во неговата изјава за Autocar, Фулгенци истакна дека Ферари користи турбо полначи кога треба да го намали моторот додека ја одржува излезната моќност. Природно аспирираниот V12 кој го напојува новиот модел 12Cylindri, GT наследникот на 812, не се намали, со неговите 6,5 литри кои сега произведуваат 830 коњски сили во новиот суперавтомобил. Меѓу другото, Ферари потроши многу пари за да гарантира дека моторот ќе ги исполни прописите за емисиите на Euro 6e без да ги загрози перформансите, и успеа. Новиот 12Cylindri може да достигне 100 km/h за 2,9 секунди и 200 km/h за 7,9 секунди, и забрзува до 340…
Read More

Енцо Ферари, таткото на најпознатиот тркачки автомобил Ferrari, возел MINI – Занимливи историски податоци

Енцо Ферари - Познато историско име и таткото на светски популарната марка, автомобил Ферари. Неговиот амбициозен пристап кон стекнување на огромно богатство на кое му завидувале многумина, го направил овој човек еден од најистакнатите имиња од, би рекле, автомобилската елита. Имено овој амбициозен милионер имал буквално се што ќе посака, а најдоброто е тоа што го имал сето тоа работејќи го она што го сака. Се вљубил во тркачки автомобили уште на својата прва автомобилска трка и убедливо ова добро познато историско име во автомобилскиот свет, знаел што сака. Што се однесува до неговиот приватен живот, Енцо Анселмо Ферари имал многу бурен живот. Од некој добро познат машки аспект, човеков имал се. Ја имал секоја девојка што ќе ја посака и секако би опкружен со автомобили. Се верува дека оженил…
Read More

Седма победа на возачот на Ред Бул на Шпанското ГП

На трката од Формула 1 шампионатот, возена за големата награда на Шпанија во Барселона светскиот шампион е возачот на Ред Бул, Макс Верстапен. Ова е седма победа на дваесет и шестгодишниот Холанѓанец оваа сезона и 61 во кариерата. На второто место заврши претставник на Мекларен Ландо Норис. Возачот на Мерцедес, а додека пак Луис Хамилтон го освои третото место. 219 бодови, во поредокот во Формула 1 за возачи оваа сезона. Норис се искачи на второто место со 150 поени, а трет е Шарл Лекелр од Ферари со 148.
Read More

Инцидент во Монако, а Леклер за прв пат издвои победа во родниот град

Шарл Леклер е роден на 16 октомври 1997 година во Монако. Имено Леклер е познат возач на ферари, а овој пат конечно победи на трката за Големата награда Формула 1 во неговиот роден град. Ова е петта негова победа во кариерата и тоа по 2 години пауза. Ова беше необична трка во Монако, бидејќи на почетокот имаше страшен инцидент, апсолутно невообичаен за Монте Карло. Во истиот, за среќа Сехио Перез не беше повреден. Но, Естебан Окон од Алпин, поради ова се повлече уште на самиот старт. После инцидентот, веднаш беше истакнато црвено знаме и познатата долгоочекувана трка беше прекината. Но, и од најлошото некој мое да профитира, па така Карлос Саинц, кој на стартот погреши, излета од патеката, ја дупна гумата, но некако успеа како 16. да дојде до боксот.…
Read More

Видео: „Сто-кец“ и „Илјада и триста“ – Олдтајмерите инспирација за цртан филм

Познатите автомобили кои го одбележаа нашето време, сега се олдтајмери, а можеби е време и ние да се запрашаме дали сме во таа категорија? Шега на страна, на интернет, наидовме на интересна информација за добро познатите брендови кои го одбележа детството на постарите генерации „Сто-кец“ и „Илјада и триста“. Веројатно љубовта кон овие автомобили, беше толку голема што за еден креативен уметник (аниматор) од Зрењанин - Србија, тие станаа инспирација. Така „Сто-кец“ и „Илјада и триста“ се најдоа на големо филмско платно како главни ликови во цртан филм. Имено приказната ги следи главните ликови кои преку интересни случки во измислен град ги објаснуваат правилата во сообраќајот. Во споредните ликови, се препознаваат и останати познати марки што навистина го прави овој цртан уникатен. „Стојадин е наш производ. Генерално, тој е наш…
Read More

Инфлуенсерката која го промени светот на автомобилите: Нова платформа за тргување со колекционерски возила

Кога станува збор за влијанието на автомобилската индустрија од страна на интернетот, светот препознава една девојка која навистина успеа во својата намера како најпозната инфлуенсерка во овој домен. Имено станува збор за Александра Хирши, која го води својот инстаграм профил под името Суперкар Блонди. Хирши е од Дубаи и креира возбудливи видеа со луксузни авомобили уште од 2017 година. Оваа „блонди“ шармантна девојка, ја следи милионска публика и изгледа дека знаела каде и како да ги погоди клиентите, особено оние од посилниот пол. Страста кон жените и страста кон автомобилите и луксузот. Има нешто во овие две нешта, па така Александра се истакнува со неверојатна бројка од 54 милиони корисници кои го следат нејзиниот фејсбук профил, и по 18 милиони следбеници на нејзиниот тик ток профил и јутјуб канал. Она…
Read More