„Ако во еден сад ставиме црни и црвени мравки, нема ништо да се случи. Но, ако садот го промешаме, тогаш би настанал класичен хаос и конфликт помеѓу обете страни. Ќе настане забуна и сите ќе се борат меѓу себе.“ Примерот го користиме како интро за текстот што следи. Имено, доколку разгледаме споредбено, истото може да се случи и со нашите мисли. Непредвидливите ситуации постојат, па конфузијата понекогаш е неминовна. Но, овој пат зборуваме за непредвидливоста како фактор кој може да влијае врз донесување на правилни финансиски одлуки. Во тој крстопат од совети, важно е да излезете од тој „сад“ во кој голема е веројатноста за хаотично однесување на вашите мисли.
Финансиските одлуки треба да бидат предвремени, па затоа треба да се искористат тие совети од влијателните личности кои посочуваат дека финансиската писменост би требало да е приоритетна уште од млади години. Уште од оној момент кога имате една визија за вашата иднина. Не можеме да постигнеме успех, доколку не сме донеле правилни финансиски одлуки.
Меѓу нив, би го посочиле осигурувањето. Во контекстот, доколку се осигурате ви пристапувате кон чекорот да имате мир и спокој во момент кога може да се двоумите околу одлуките за тоа што понатаму. Меѓу приоритетните прашања, кои ги посочуваат експертите, секако најпрво е: Дали сум свесен дека ризикот постои? А на второ место би се истакнало и прашањето: Кој е оној кој ќе настрада доколку тој ризик се случи?
Би разгледале еден обичен пример. Секој месец штедите и тргате на страна 4000 денари. Но, по неколку месеци се случува невреме и вашиот дом трпи последици. Со тие 4000 денари вие не сте заштедиле, затоа што не би можеле да направите ништо, а доколку ги инвестирате во осигурување, вашиот дом повторно ќе биде безбедно место. Секако земајте го и предвид фактот и за инфлацијата која може да се случи.
Инвестирајте мудро и освестете го моментот на правилно штедење и растење на вашиот буџет. Робер Киосаки рекол: Богатите не работат за пари. Парите работат за нив. Ако вашите пари работат за вас, ја задржувате моќта и можете да ја контролирате.
За текстот, се надоврзавме на изворот од веб страната на СН Осигурителен Брокер.