СН Групацијата сподели професионални искуства на Конференцијата ТУР – Техниката и Урбаниот Развој

СН

СН Групацијата сподели професионални искуства на Конференцијата ТУР – Техниката и Урбаниот Развој

Традиционално, по петти пат, Битола беше домаќин на Конференцијата ТУР – Техниката и Урбаниот Развој – студентска конференција во чест на Светскиот ден на науката. Уште еднаш се потврди клучната врска во поврзувањето на академската средина со реалниот бизнис сектор. Во тој контекст беа излагањата на претставници од Sigre – Мако Сигре и СН Групација со акцент на професионалните искуства на СН Сообраќаен Центар. Преку сесијата, одблиску ги запознаа студентите со техничките и деловните предизвици… Како и на кој начин може да се поврзат научените достигнувања со праксата.

„Горда сум што го гледам растот и успехот на ТУР. Како еден од основачите на оваа конференција, која започна со презентирање на неколку различни трудови за да се создаде настан кој ќе го спои академскиот и деловниот свет, кое ќе биде вистинско место да ги покажеме нашите знаења и вештини. Како дел од бизнис секторот и како електроинженер во СН Сообраќаен Центар, со задоволство сведочам за важноста на оваа конференција.“- изјави Билјана Велјановска, како претставник на СН Групација и електро инженер во СН Сообраќаен центар во Битола.

Оваа конференција секоја година инспирира се повеќе млади. Ги поттикнува во развивањето на вештини и да придонесат за општествен напредок. ТУР е настан кој расте повеќе и добива на значење. Тој е вистински пример за важноста на соработката помеѓу образованието и индустријата…. Создава можности за новите генерации инженери да го применат теоретското знаење во пракса.

„Денес во својата работа, ја користам основата од знаењето кое го стекнав во предавалните на Техничкиот факултет. Во СН Сообраќајниот Центар не само што се вршиме технички преглед на возила, туку и издавање на Согласност на регистрација на возила од странство по извршена хомологација. Во текот на излагањето, имав можност да ги запознаам студентите со историјата на хомологацијата во Македонија, која започна уште во 1991 година и која денес е во чекор новите светски регулативи за автономни и електрични возила.“- посочи Велјановска.

Како дел од конференцијата се организираше и онлајн сесија со студентите од Факултетот за електротехника во Скопје и предавање на професори од средното стручно училиште „Таки Даскало“ во Битола.

Конференцијата започна од ентузијастичка идеја пред пет години на група студенти од Техничкиот факултет во Битола. А денес претставува платформа. Платформа каде што студентите од сите насоки електротехника, сообраќај, мехатроника и машинство ги покажуваат своите идеи. А исто така, и запознаат со реална примена на знаењата. Воспоставуаат врски со идните можности во реалниот сектор.

На овогодинешниот настан, организиран на денот што симболизира почит кон науката, 11. Ноември- Светскиот ден на науката, учествуваа студенти од Техничкиот Факултет во Битола со импресивни откритија… Како што се апликација за мерење на загаденоста на воздухот и зачувување на енергијата добиена од обновливи ресурси.