После падот на продажбата во Европа, Nissan најде алтернативно решение

Nissan продажбата

После падот на продажбата во Европа, гигантот Nissan веднаш започна да бара алтернативни решенија за да се врати помеѓу пиедесталните места на пазарот.

„Најпрво во сопствениот двор, во неговата поранешна шпанска фабрика каде локалната компанија Silence произведува електрични мотоцикли и мали градски возила. Во договор со нив јапонската марка ја презеде дистрибуцијата, засега само за Италија, Франција, Германија и Велика Британија.“ – пренесуваат медиумите во контекст на наоѓањето на решение за падот на продажбата на Nissan.

Nissan продажбата

Квадрициклот S04 беше во нивни интерес. Истиот ќе чини 12 илјади евра, што е за две илјади повеќе отколку во Шпанија. Широко 1,3 метри. Долго е 2,3 и има две седишта и доаѓа во верзии со 8 или 19 коњски сили. Може да има една или две батерии кои се отстранливи и можат да се пренесуваат како куфер на тркалца за полнење во канцеларија или дома.

Посилната верзија на Silence S04 со две батерии има автономија од 150 километри и постигнува максимални 85 километри на час. Опремата е на премиум ниво – електрични стакла и ретровизори, аудио систем со блутут, клима уред и т.н.. Во нивниот план е да се оформи мрежа станици на кои празните батерии ќе можат да се заменат со полни.

Извор