ВИДЕО: Nissan Patrol! – Седмата генерација – Премиум естетика и наследство во теренска изведба

Nissan Patrol

Своето патување, Nissan Patrol го започна во 1951 година. И денес останува теренска икона. И покрај тоа што нема да биде достапен во Европа, новата генерација на моделот, успешно прифатена во Азија и Америка, заслужува внимание.

Новиот Nissan Patrol се одликува со маркантен дизајн и премиум карактеристики. Вклучен е моќниот V6 твин – турбо мотор, девет – степен автоматски менувач и адаптибилна воздушна суспензија. Со овие карактеристики Patrol е подготвен за сите типови на терен и услови на возење. Возилото има алуминиумски тркала од 22 инчи, високо растојание од подлогата и впечатлива V решетка.

Внатрешноста е опремена со двојни колор екрани од 14, 3 инчи. Опционални 12,8 инчни екрани за патниците на задната клупа. За возачите, системот Nissan Connect 2.0 со интегриран Google нуди интуитивна контрола. Новиот Nissan Patrol е најмоќниот досега… Со 3,5 литрен V6 твин – турбо мотор кој произведува 425 КС и 700Nm и опционален 3,8 литрен V6 мотор со 316 КС и 386 Nm. Двата мотори се комбинирани со девет – степен автоматски менувач и се нудат шест модуси на возење за оптимална адаптација на секоја подлога. Иако новиот Patrol нема да биде достапен во Европа, ќе биде понуден во Саудиска Арабија, Арапските Емирати и на Блискиот Исток од ноември. Во САД ќе се нуди и како Infiniti QX80, полуксузна верзија на Nissan Armada.