Инцидент во Монако, а Леклер за прв пат издвои победа во родниот град

Монако

Шарл Леклер е роден на 16 октомври 1997 година во Монако. Имено Леклер е познат возач на ферари, а овој пат конечно победи на трката за Големата награда Формула 1 во неговиот роден град. Ова е петта негова победа во кариерата и тоа по 2 години пауза.

Ова беше необична трка во Монако, бидејќи на почетокот имаше страшен инцидент, апсолутно невообичаен за Монте Карло. Во истиот, за среќа Сехио Перез не беше повреден. Но, Естебан Окон од Алпин, поради ова се повлече уште на самиот старт.

После инцидентот, веднаш беше истакнато црвено знаме и познатата долгоочекувана трка беше прекината. Но, и од најлошото некој мое да профитира, па така Карлос Саинц, кој на стартот погреши, излета од патеката, ја дупна гумата, но некако успеа како 16. да дојде до боксот. Исто така, учесниците го искористија црвеното знаме за да ја извршат задолжителната промена на пневматиците.

Монако

Сепак, трката се вели дека беше досадна затоа што редоследот од стартот беше речиси непроменет на крајот.

Второто место го зазеде Оскар Пјастри од Мекларен, а трет Карлос Саинц од Ферари.

Шарл Леклер, победникот – шампион на Формула 1, продолжува да се бори за големата награда на Канада на патеката Жил Билнев на 9 јуни.

Погледнете го видеото тука.

Фотографии – print screen/you tube