Најдобро решение за регулирање на сообраќајот, според статистиката се вели дека е кружниот тек. Но, многу од возачите сметаат дека тој им е најголемиот непријател. Тие како да стравуваат дека засекогаш ќе останат внатре во т.н. маѓепсан круг, кој всушност и не е толку комплициран. Во продолжение наидовме на неколку совети, па доколку ги следите истите, гарантирано е дека нема да се загубите. На кружен тек, експертите тврдат дека нема сообраќајни незгоди, додека истите најчесто се случуваат на тие места каде има семафори.
Како правилно да влезете и излезете од кружен тек?
Ако сакате да излезете на првиот излез, влезете во првата десна (надворешна) лента и вклучете го десниот трепкач.
Доколку излегувате на другиот излез, можете да возите по двете ленти, но важно е да влезете во десната лента од десната, а во левата од левата, т.е. секогаш да го следите продолжението на коловозната лента по којашто возевте пред да влезете во кружниот тек.
Секако понатаму е можеби малку повеќе од комплицирано, а доколку сакате да се информирате, прочитајте тука.