Mоментално 80 автомобили, се борат за титулата Светски автомобил за жени на годината (WWCOTY). Победниците ќе бидат избрани по категории и објавени на 8 јануари 2025 година. И на само два дена пред денот на жената, на 6ти Март, ќе биде објавен конечниот резултат.
Кој ќе ја победи оваа битка?
Марта Гарсија, извршниот претседател на WWCOTY, околу изборот на Светски автомобил за жени на годината, изјави: „Оваа година нашето гласање се одвива во контекст кога кинеските брендови станаа присутни на сите континенти. Конкуренцијата е жестока и тоа ја прави нашата задача уште повозбудлива“.
Целта на оваа единствена награда е да се оддадат признанија за најдобрите автомобили на годината и да се даде глас на жените во автомобилскиот свет, се вели во официјалното соопштение на организацијата. Критериумите за гласање се засноваат на истите принципи кои го водат секој возач кога купува автомобил.
Сепак, не постои женски автомобил, туку автомобил за секого. Ќе бидат разгледани неколку аспекти: квалитетот, безбедноста, дизајнот, цената, леснотијата на возење и влијанието врз животната средина, Жирито е составено од 81 новинари кои се експерти во оваа област. За сега, тие ја објави листата на номинирани кандидати која можете да ја погледнете тука. Имено, минатогодишен победник беше Kia EV9, а која ќе биде кралица годинава, останува да видиме.