„Иновацијата е ценрален елемент во економскиот просперитет“ – Цитати

Иновацијата

Според многу бизнисмени, инвеститори и светски познати личности кои го имаат достигнато пиедесталното место во деловниот свет, иновацијата е зародишот. Идејата е онаа која е на цена, па веројатно се согласуваме со истото, а во продолжение прочитајте неколку цитати околу овој термин. Што претставува „иновацијата“:

Иновацијата

-Иновација претставува креација на нешто ново или реаранжирање на нешто старо на нов начин – Michael Vance.

-Иновацијата е ценрален елемент во економскиот просперитет – Michael Porter.

-Учење и иновација одат рака под рака. Ароганцијата на успехот е да се мисли дека тоа што го направивте вчера, ќе биде доволно за утре – William Pollard.

-Вообичаеното однесување претставува непријател на иновацијата – Rosabeth Moss Kanter.

-Ние немаме традиционален процес на креирање на стратегии или пак процес на планирање кој ќе го видите во традиционалните технолошки компании. Тоа му овозможува на Google да иновира многу, многу бргу, што мислам дека претставува вистинска сила на компанијата – Eric Schmidt.