Водич кон сигурна иднина: Управување со Ризици и планови

Ние сме тие што ја создаваат иднина та. Што ќе посееме, тоа ќе пожнееме. Но, колку сме сигурни дека земјата е плодна и дека не правиме грешки? Алудираме на осигурување и одговорно планирање на иднината, како и за критиката како важен дел од тие планови.

Во рамките на планирањето на вашата иднина, зборуваме за личната одговорност. Дали критиката е важен дел од тоа? Дали е важно навремено да се соочиме со себе и да ги испитаме нашите грешки? Значи, дали можеме да бидеме сигурни дека никогаш не правиме грешки?


Осигурувањето станува неизбежен дел од моментот кога почнувате да ја обликувате вашата визија за иднината. Токму тогаш, кога веќе сте определиле што ќе правите, каде се наоѓате и кон што се стремите, потребно е повторно да ги разгледате вашите цели и да бидете одговорни за вашите одлуки. Пред да ги донесете, проверете дали сте свесни за постојните ризици.

Се вели дека оној кој не ризикува, не добива. Но, колку е реална таа добивка ако не сме сигурни во нашите постапки и не сме доволно фокусирани на нашата цел? Време е да го забавиме темпото и да ги разгледаме грешките. Да го преиспитаме ризикот кој понекогаш е скриен зад нашето его.

Да се каже „Јас можам и умеам“, секако е позитивно. Но, внимавајте тоа да не премине во наивност. Внимавајте да не дозволите самодовербата да ве одведе во погрешна насока, каде што постои ризик кој не сте го разгледале на време. Имајте предвид дека непредвидливоста е секогаш присутна и понекогаш е неопходно да го оставите егото на страна, кое ви тврди дека создавате безбеден свет без помош од други. Време е да го прифатите тоа убаво и да побарате поддршка од сигурен партнер.