Нов помал електричен модел на Honda за Северна Америка

Нов помал електричен модел на Honda за Северна Америка

Автомобилската индустрија е во подем и конкурентноста на пазарот е голема. Така, светските автомобилски гиганти непрекинато се борат на оваа трка и доаѓаат до нови идеи. На трката, се најде и Honda која работи на целосно нов, помал електричен модел. Истиот модел на Honda, велат дека би чинел нешто помалку од 30.000 долари. Извори велат дека би требало да биде пуштен во продажба во САД веќе во 2026 година.

Нов помал електричен модел на Honda за Северна Америка

Јапонскиот Nikkei тврди дека еден од седумте автомобили од новата O-серија кои ќе бидат лансирани до 2030 година. Новиот електричен модел, известува Nikkei, меѓу другото ќе ќе се произведува во Охајо (САД).

Во САД производството на новото електрично возило ќе обезбеди ослободување од високите тарифи што планира да ги наметне претседателот Трамп.

„Постигнувањето на таа ниска цена, наводно, ќе се сведе на ограничување на големината на батеријата, која е најскапиот дел од електричниот автомобил и сочинува околу 30 проценти од трошоците за производство. Но, за да се осигура дека опсегот на EV останува разумен, инженерите ќе се фокусираат на намалување на вкупната тежина.“ пренесува autoblog.rs