Феноменот „хипноза на патиштата“ – Возење во транс и спиење со отворени очи! Кога очите на возачот се отворени, но мозокот не го регистрира ниту анализира она што го гледа човекот.
За жал се повеќе сме сведоци на сообраќајни незгоди. Се бараат причините за истите, а секако најчесто во прашање е невниманието на возачите. Но, што ако тоа невнимание е всушност ненамерно? Во контекстот, зборуваме за Феноменот наречен „хипноза на патиштата“. Имено овој термин најпрво е сретнат и објаснет во статија од 1921 година.
Што е Феноменот „хипноза на патиштата“?
Дали понекогаш ви се случило да стигнете до одредената дестинација, не знаејќи всушност како сте се нашле таму?
Токму тоа значи овој феномен. Возење во транс состојба. истото значи губење на чувство за време, па многу од возачите ко го имаат почувствувано овој феномен, не ни знаат како стигнале до целната дестинација и им се чини дека тргнале далеку побрзо отколку за предвиденото време. Всушност возење во транс состојба значи дека возачите го управуваат возилото додека гледаат само во една фиксна точка. Возат речиси автоматски, не забележуваат ништо околу нив и не се свесни за околината што ги опкружува. Им се случува да им залетаат мислите и не се фокусирани кон движењето на автомобилот. Наместо тоа, само механички го држат воланот.
Интересно е што возачите не се сеќаваат како стигнале до планираната дестинација, или имаат одредени празнини во сеќавањата. Тоа значи дека им се случило хипноза на патот. Луѓето кои го поминале ова искуство, велат дека не се сеќаваат на никакви детали. Не знаат колку брзо се движеле, што имало околу нив, колку добро возеле…
-Тоа е ментална состојба во која возачот на автомобил може безбедно да вози до дестинација на долги релации без да се сеќава дека тоа свесно го направил. Во оваа состојба, свесниот ум на возачот е целосно фокусиран на нешто друго, додека очигледно сè уште ги обработува информациите потребни за безбедно возење. Хипнозата на патиштата е всушност манифестација на заедничкиот процес на автоматизам, или способност да се вршат дејства без свесно да се размислува за нив.– пренесува магазинот n1info.rs
Сепак, се вели дека оваа состојба не е еднаква на она што им се случува на уморените возачи. Кога еднаш добро ќе се совлада одредена вештина, истата може да се изведе без одреден фокус. Интересно е што се тврди дека во текот на оваа т.н. состојба, личноста ги извршила прописно сите сообраќајни правила и возењето, иако низ главата можеби планирала што ќе прави наредниот викенд. Според одредени тврдења на психолози, луѓето го прават истото и надвор од автомобилот кога станува збор за одредени извежбани дејствија. Како возење велосипед или пешачење.
Во патната хипноза, едниот тек на свеста го вози автомобилот додека другиот прави други работи. Тоа е моментот кога се јавува споменатата делумна или целосна амнезија поврзана со времето поминато во возење под „патна хипноза“.
Феноменот првпат беше опишан во статија од 1921 година која се однесуваше на феноменот на „хипноза на патиштата“ како возење во транс состојба додека гледате во фиксна точка.
Волтер Мајлс во 1929 година ја разгледа оваа тема и ја наслови како „Спиење со отворени очи“. Популарноста на идејата ескалира во 1950-тите и сите се чудеа како може човек да сонува со отворени очи. Секако на луѓето не им било јасно, а веријатно истото се случува и денес. G. W. Williams во 1963 година, конечно го формулирал насловот кој се користи и денес – „Патна хипноза“.
Имено, патната хипноза се јавува 2,5 часа пред почетокот на возење. Причината може да умор и разгледувајќи повеќе статии, ние би заклучиле дека всушност понекогаш колку и да се трудиме да не заспиеме и постојано да го активираме умот, сепак мозокот е оној кој ни вели „стоп, сакам да се одморам иако не ти е по волја“.
Велат дека оваа состојба најповеќе се случува и кога се вози на вечер. Поради намалената видливост, како да сме приморани да гледаме во полната или испрекината линија и токму тука е моментот кога се случува таа т.н. поделба на свеста. Едната е фокусирана на патот без да знаеме, а другата е фокусирана на сосема други нешта. Исто така феноменот, може да се случи на некој рамен пат, па очигледно монотонијата е главниот виновник. Затоа се препорачува да не ги држите очите заглавени во една точка и секако да правите редовни паузи на долгите патувања. Редовната хидратација и одржувањето на нормална температура во кабината исто така помагаат.
Како и да е патната хипноза навистина претставува голема опасност, па од тука и многу необјаснети сообраќајни незгоди во кои се поставуваат некои прашања кои заслужуваат логичен одговор, а немаат: „ Зошто возачот тргнал лево, кога очигледно било дека треба да се движи право?“’