Evoluto Ferrari F355: Современа Реставрација на Класичен Суперавтомобил

Evoluto Ferrari F355

Evoluto Ferrari F355

Британска инженерска фирма Evoluto Automobili која е специјализирана за „внимателна реставрација и модернизација на легендарните суперавтомобили“ овој пат истото го направи и со F355 на Ferrari од 1990-тите.

Тежината на автомобилот сега е намалена на 1250 kg, и тој сега има каросериски панели од јаглеродни влакна. Измерено е дека и торзионата вкочанетост е зголемена за 23 проценти во споредба со оригиналот.

Evoluto Ferrari F355

Иан Калум го модифицира надворешниот дизајн. Имено при дефинирање на целта, Калум не сакал да ги наруши чистите линии на оргиналот. Но, сепак сакал да пунуди помодерен изглед.

Автомобилот е придвижуван од преработената верзија на 3,5 литарскиот V8 мотор на Ferrari, со нова единица ECU и титаниумски издувен систем. Моќноста е зголемена на 420 КС, а Evoluto ветува „сигурност на 21 век“ и подобра реакција. – пренесува autoblog.rs

Во целосното модифицирање, се споменуваат и Brembo сопирачки (карбонско-керамички сопирачки се опција). Како и модифициран мануелен менувач со шест брзини. Тука се и тркалата од 19 инчи, LED фаровите, поширока трага на тркалата, нови ретровизори, поголеми доводи и нов преден сплитер. Се разбира и ентериерот е прилагоден.

„Програмата 355 by Evoluto не само што му оддава почит на класичното наследство на иконскиот италијански суперавтомобил, туку исто така им нуди на нашите клиенти уникатно патување на персонализација за секоја провизија“, велат од компанијата.

Планирани се само 55 примероци, а цената зависи од желбите на секој клиент.

izvor