Renault Estafette Concept – Електрично Урбано Комбе на Иднината

Renault ја манифестира визијата за тоа како би изгледале неговите електрични комунални возила. Концептот Estafette е токму тоа. Имено истиот е дизајниран за градови и урбани простори. Во контекст на одговарање на предизвиците во поглед на енергетската транзиција и логистиката, приказната ја креира независната компанија Flexis, формирана од Renault Group, Volvo Group и CMA CGM Group.

Estafette Concept е компактно, но пространо целосно електрично комбе кое ги комбинира должината на Kangoo L2, агилноста на Clio и носивоста на Trafic L1H2. Дизајниран е за професионални возачи, врз основа на нивните повратни информации и приспособен за нивните потреби.

Estafette

Комбето е софтверски дефинирано возило, ја користи архитектурата SDV во платформата FlexEVan развиена од Ampere. Инаку токму SDV електронските архитектури играат суштинска улога во зголемувањето на перформансите и економичноста кај возилата од новата генерација, а и интегрираат напредни функции. Помагаат да се намалат трошоците за околу 30%. Интересно е што Estafette има нешто заедничко со комбето на Renault од 1959 година. Се најавува дека Estafette Concept ќе влезе во сериско производство за две години.