Нова ера на електрична мобилност: Citroen C3 Aircross воодушеви во Париз, a C5 Aircross најавен со енергичен и живописен концепт

Citroen C3 Aircross

Во Париз беше претставен моделот на Citroen. Бројни новитети посветени на тоа да се обезбеди прифатлива електрична мобилност.

Јавноста за прв пат имаше можност да го види моделот C3 и неговата верзија C3 Aircross, а интересот е огромен. Хечбекот е популарен поради својата компактност и удобност, и нуди економичност во потрошувачката на гориво. C3 е достапен со бензински или електричен мотор, додека C3 Aircross нуди модерен и ексклузивен дизајн, како и удобност во ентериерот за седум лица.

Citroen

Имено, визионерски се најавува идниот нов C5 Aircross, кој со својот енергичен и живописен настап ќе воодушеви многу купувачи. Серискиот модел, кој ќе биде 95% идентичен на концептот, ќе биде достапен на пазарот идната година. Тој може да користи бензински, хибридни, дизел или електрични погонски групи и е направен на STLA Medium архитектурата. Со должина од 4,65 метри, е за 15 сантиметри подолг од сегашната генерација на Citroen.